Светско движење за правда

Светско движење за Правда е мрежа или група на светски општествени трендови кои се спротивставуваат на она што често е познато како "здружена глобализација" и се залагаат за еднаква распределба на економските ресурси.

Движење на движењето

Движењето за светската правда е слободна заедница на поединци и групи и често се нарекува движење на движењето - тие се залагаат за прописи за праведна трговија и не ги поддржуваат сегашните институции на светската економија како што е Светската Трговска ОрганизацијаTom Mertes, "A Movement of Movements", New York: Verso, 2004Kate Milberry: ''GEEKS AND GLOBAL JUSTICE: ANOTHER (CYBER)WORLD IS POSSIBLE 2009 geeksandglobaljustice.com. Покрај тоа, глобалната општествена правда секако дека подразбира многу повеќе од едноставно остварување приход, здравствено мислење и образовни цели како што е одредено од страна на Милениумските развојни цели. Овие точки се подететално искажани во Милениумската декларација (слобода, еднаквост, солидарност и сл.) и тоа се одразува на сегашното нагласување акционерите да имаат право на глас како и на надлежноста на јавните институции.

Правата се од суштинско значење- особено економските, социјалните и културните права. Имајќи го правото на образование или здравство значи повеќе од пристап кон школување или лекување. Да се има право на образование или лекување исто така значи да се има право на надомест преку управите или преку судовите во случај училиштето да не ги обезбедува тие надоместоци. Со други зборови, некој, некаде е одговорен.

Движењето честопати е се нарекува и анти-глобалистичко движење од страна на популарните медиумите. Оние кои се вклучени, сепак честопати негираат дека тие се против глобализацијата, инсистирајќи на тоа дека ја поддржуваат глобализацијата за комуникација меѓу луѓето и дека единствено се спротивставуваат на светското проширување на корпоративната моќ. Поимот дополнително укажува на анти-капиталистички и општи изгледи на глобализацијата, разликувајќи го движењето на оние противници на глобализацијата чија политика се заснова на конзервативна одбрана на државниот суверенитет. Некои научници за општествените движења дискутирале дека тоа е сепак нова замисла за правдата кои паралелно со некои постари ставови лежат во основата на многу критички идеи и навики кои се развиле во ова движење. С.А Хамед Хосеини го образовал овој нов начин на сфаќање на правдата и вели дека двете, и посебната, ретката природа на движењето како и глобалната сложеност на повоениот период од Студената Војна, може да се сметаат за поттикнувачи на подемот на поимот. Според него "оваа нова замисла се појавила од искуствата и размислувањата на активистите во врска со глобализацијата".

Важни организациски столбови на движењето се Via Campesina (меѓународна заедница за земјоделство), People'a Global Action, Jubilee 2000 (Христијанско движење за ослободување од меѓународните долгови), Friends of the Earth (Меѓународна заштита на животната средина) и некои истражувачки резервати како Focus od the Global South и The Third Word Network. Меѓу учесниците се наоѓаат и студентски групи, невладини организации, синдикати, религиозни и мировни групи од целиот свет но и изданија како што е New Internationalist. На социјалните мрежи се одвива слободно усогласување на ова движење. Но иако официјално големата моќ ја има Југот, средствата на некои Невладини организации на Северот овозможи да се намалат несразмерните сили на некои познати организации од ЈуготJai Sen, Peter Waterman, World Social Forum - Challenging Empires . Black Rose 2008.

Масивни протести Движењето се одликува со масивни граѓански протести и доплонителни состаноци на највисоките државни врвови, коишто во изминатава деценија присуствуваа на повеќе седници на Групата од осум (Г8), Светската Трговска Организација, Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската Банка. Во 1999 година, движењето стана центар на внимание на многу Американци, кога активистите успешно го искористија протестот со цел да го затворат Министерството на Светската Трговска Банка во Сиетл.

Сепак ова претставуваше само еден од низата масивни протести за глобална правда, на кои се приклучија и протестите во ГерманијаBerlin 1988 IMF World Bank Conference protests на средбите на Светската Банка и ММФ во 1988 годинаGreg Palast interviewing Joseph Steiglitz, "IMF’s Four steps to Damnation" The Observer (London), 29 April 2001: http://www.jubileeresearch.org/analysis/articles/IMF_Four_steps_Damnation.htm John Walton, David Seddon, Free Markets & Food Riots. Blackwell 1994 . "Немирите на ММФ" кои започнаа во Лима, 1975 година, заради намалувањето на социјалните надоместоци кои постоеја во ММФ и другите меѓународни организации, светски се проширија и продолжија до "војни за вода" во Боливија и Јужна АфрикаThe Democracy Center, "Bechtel Vs. Bolivia: The Bolivian Water Revolt", http://www.democracyctr.org/bechtel/ .

Меѓународна солидарност

Движењето за глобална Правда бара да се посвети внимание на меѓународната солидарност обединувајќи ги активистите на глобалниот Југ и Север. Некои(Кои?) посочуваат дека Светскиот социјален Форум е одличен пример за вакво нагласување бидејќи ги здружува активистите од целиот свет да се сконцентрираат на заеднички сфаќања и кампањи. Додека пак други(Кои?) сметаат дека Светскиот социјален Форум го управуваат Северните невладини организации, дарители и активисти, но велат и дека истите тие го организираат Јужното претставништво. А народните организации во глобалниот Југ се плански ограничени или се строго подредени односно се меѓусебно зависни. Поради оваа причина поширокото членство на Јужното движење го бојкотираат форумот и невладините организации кои биле сè повеќе застапени на форумот, или пак активно им се спротивставуваат , бидејќи пред сè форумот е нивното место каде што можат да доминираат.

Наводи

Категорија:Правда Категорија:Политичка филозофија Категорија:Општествени движења