Воденици — археолошко наоѓалиште во валандовското село Баракли. Претставува населба од хеленистичко и римско време. Се наоѓа јужно од селото, каде на мал простор се среќаваат фрагменти од керамички садови, а пронајдени се и македонски монети од I век пред н.е. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Баракли; Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско;
Наводи
Категорија:Баракли