Електричен автомобил (електромобил) — автомобил што се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување.

Електричните автомобили беа популарни во крајот на 19 и почетокот на 20 век, сè до напредокот во технологијата за мотори со внатрешно согорување и масовното производство на возила кои работат на поевтин бензин што доведе до пад во употребата на возила со електричен погон. Енергетската криза во 1970-тите и 80-тите доведе до краткотраен интерес во електричните автомобили, затоа тие автомобили не го постигнаа масовниот маркетинг како што денешните електрични автомобили го доживуваат. Од средината на 2000-тата година, производството на електричните автомобили доживува преродба поради напредокот во технолигиите за батерии и управување со енергијата,но и е загрижено поради се почестата нестабилност околу цените за нафта и потребата за намалување на испуштањата на штетните, стакленички гасови.

Заклучно со Ноември 2012 година, забележано е серија производство на модели способни за возење по автопат достапни во неколку земји, вклучувајќи ги: „Тесла Роудстер“ (анг.Tesla Roadster), „РЕВАи“ (анг. REVAi), „Бади“ (анг. Buddy), „Мицубиши и-МиЕВ“ (анг. „Mitsubishi i MiEV“), „Нисан Лиф“ (анг. Nissan Leaf), „Смарт ЕД“ (анг. Smart ED), „Виго Вип Лајф“ (анг. Wheego Whip LiFe), „Миа електрик“ (анг.Mia electric), „БИД е6“ (анг.BYD e6), „Болоре Блукар“ (франц.Bolloré Bluecar), „Рено Флуенс З.Е.“ (франц. Renault Fluence Z.E.), „Форд Фокус Електрик“, „БМВ АктивЕ“ (анг.BMW ActiveE), „Кода“ (анг. Coda), „Тесла Модел С“ и „Хонда Фит ЕВ“ (анг. Honda Fit EV). Светските најпродавани автомобили коишто се целосно електрични и способни за возење по автопат се „Нисан Лиф“, со 42 700 возила продадени на светски рамки во октомври, 2012 и „Мицубиши и-МиЕВ“, со продажба на повеќе од 18 000 возила низ светот во септември 2012, вклучувајќи повеќе од 6 500 возила со променети лога како на пример „Пежо иОн“ и „Цитроен Ц-Зиро“ (франц. Peugeot iOn and Citroën C-Zero) продадени на Европскиот пазар.

Електричните автомобили имаат неколку предности во споредба со автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување, како што се: значително намалување на локалното загадување на воздухот, бидејќи тие немаат издувник и затоа не испуштаат штетни гасови од вградениот извор на енергија во моментот кога возилата работат; намалено испуштање на стакленичките гасови од вградениот извор на енергија, во зависност од горивото и технологијата користена за создавање на електрична енергија за полнење на батериите; и помала зависност од странската нафта, што за САД или за другите развиени земји или за земјите во развој е причина за загриженост за ранливоста на нестабилните цени на нафтата и за прекини во снабдувањата. Исто така за многу земји во развој, а особено за најсиромашните земји во Африка, високите цени на нафтата имаат негативно влијание врз нивниот платен биланс, попречувајќи го нивниот економски раст.

И покрај нивните потенцијални придобивки, широкото прифаќање на електричните автомобили се соочува со неколку препреки и ограничувања. Заклучно со 2010-тата година, електричните автомобили се значително поскапи од возилата со класични мотори со внатрешно согорување и хибридните електрични возила поради дополнителните трошоци за нивните литиум-јонски батерии. Сепак, со масовното производство на батериите, нивните цени опаѓаат и се очекува да се намалат уште повеќе. Други фактори кои го ебесхрабруваат усвојувањето на електричните автомобили е недостигот на јавна и приватна инфраструктура за полнење на возилата и стравот на возачот од истекување на батеријата уште пред да стигнат до саканото одредиште (загриженост од растојанието), поради ограниченото растојание кое што можат да го поминат веќе постоечките електрични автомобили. Неколку влади имаат воспоставено политики и економски иницијативи за надминување на постоечките препреки, за да се поттикне продажбата на електричните автомобили и да се финансира во понатамошниот развој на електричните возила, во технологијата за создавање на поефективни и исплатливи батерии и нивните составни делови. САД заложи 2.4 милијарди долари во федерални субвенции за електрични автомобили и батерии. Кина објави дека ќе обезбеди 15 милијарди долари за отпочнување на индустрија за електрични автомобили во рамките на својата државата. Неколку национални и локални влади имаат воспоставено даночни кредити, даночни намалувања и други мотивирања со цел да се намали нето-откупната цена на електрични автомобили и други електрични возила со приклучување.

Потекло на поимот Електричните автомобили се разновидност од електрични возила (ЕВ). Терминот „електрични возила’’ се однесува на секое возило кое користи електричен мотор за погон, додека пак „електричен автомобил’’ најчесто се однесува на патни автомобили кои се напојуваат со електрична енергија. Бидејќи изворот на енергијата на електричните автомобили не доаѓа секогаш од вградената батерија, електричните автомобили напојувани од други енергетски извори се нарекуваат со различни имиња; на пример: електричните автомобили кои се напојуваат од сончевата светлина се наречени сончеви автомобили, а пак електричните автомобили напојувани од бензински генератор се вид на хибридни автомобили. Оттука, електричен автомобил чијашто енергија произлегува од вградени батерии се нарекува електрично возило на батерии (ЕЛБ или анг. BEV). Најчесто, поимот „електричен автомобил“ се однесува на електричните возила на батерии.

Историја

Електричните автомобили беа најпопуларни помеѓу средината на 19 и почетокот на 20 век, кога електричната енергија беше помеѓу подобрите методи за автомобилски погон, создавајќи ниво на удобност и лесност при работа која што кај автомобилите на бензин од тоа време не можеа да се постигнат. Напредокот во технологијата за внатрешно согорување, особено во електричниот алансер (страртер), ја направи оваа предност дискутабилна. Големиот избор на авотмобили на бензин, побрзото полнење на резервоарот и растот на нафтената инфраструктура, заедно со огромното производство на автомобили на бензин од страна на фирми како што е Форд Мотор Компани, фирма која што ја намали цената на автомобилите на бензин на помалку од половина од онаа на електричните автомобили, доведе до пад во употребата на електричени погони, ефикасно отстранувајќи ги од главните пазари како САД до 1930-тите. Сепак, во последниве години, зголемената загриженост кон влијанијата на автомобилите на бензин врз животната средина, високите цени на бензин, подобрувањата во технологијата за батерии и трагањето по исцрпената нафта, доведоа до обновен интерес во електричните автомобили, кои се сметаат за поеколошки и поевтини за одржување и возење, и покрај нивните почетни високи цени, по неуспешното појавување во доцните 90-ти.

Од 1890 до 1900 : Рана историја Пред да бидат супериорни моторите со внатрешно согорување, електричните автомобили држеа многу рекорди во брзина и оддалеченост. Помеѓу најзначајните од овие рекорди беше пробивањето на препреката за брзина од 100 км/ч (62 ми/ч), од страна на Камил Џенатзи на 29 април, 1899 со неговото возило „во облик на ракета“ наречено Жаме Контант (Jamais Contente), со коешто достигна максимална брзина од 105.88 км/ч (65.79 ми/ч). Пред 1920-тите, електричните автомобили се натпреварувале со автомобилите кои користеле нафтени горива за тоа кои автомобили се со подобри услуги за урбана употреба.

Со цел да се надмине недостатокот на инфраструктура за полнење на батериите,уште во 1896 година беше предложена сервисна услуга за батерии коишто можат да се заменат и беше спроведена од страна на фирмата „Хартфорд Електрик Лајт Компани“, наменета за електрични камиони. Најпрвин сопственикот го купувал возилото без батерија од фирмата „Џенерал Електрик Компани“ (ГВЦ) а електричната енергија ја купувал од „Хардфорд Електрик“ преку заменливите батерии. Сопственикот плаќал променлива сума пари според километражата што ја поминал и месечен надомест за сервис за да го покрие одржувањето на камионот и акумулирањето на електрична енергија. Услугата беше достапна од 1910-та до 1924-тата година и во тој период беа опфатени повеќе од 6 милиони милји. Во почетокот на 1917 г., слична ваква сервисна услуга беше ставена во употреба во Чикаго за сопствениците на „Милбурн Лајт Електрик Карс“, кои исто така можеа да го купуваат возилото без батерии.

Во 1897 година, електричните автомобили ја пронајдоа нивната прва трговска примена во САД, како една флота од електрични таксиња во Њујорк, направени од фирмата од Филаделфија наречена „Електрик Кариџ & Вагон Компани“. Електричните автомобили беа произведени во САД од: „Антони Електрик“ (анг. Anthony Electric), „Бејкер“ (анг. Baker), „Колумбија“ (анг. Columbia), „Андерсон“ (анг. Anderson), „Фричел“ (анг. Fritchle), „Стадбејкер“ (анг. Studebaker), „Рајкер“ (анг. Riker), „Милбурн“ (анг. Milburn) и други, за време на почетокот на 20 век.

И покрај нивната релативно мала брзина, електричните возила имаа голем број на предности во споредба со нивните конкуренти во раните 1900-ти. Тие ги немаа вибрациите, миризбата, и бучавата како што ги имаа автомобилите на бензин. Кај нив не беше потребно менување на брзини, нешто што за автомобилите на бензин беше најтешкото при возење. Електричните автомобили беа популарни и меѓу богатите клиенти кои ги користеа како градски автомобили, каде што нивното ограничено растојание што можат да го поминат беше само мал недостаток. Тие автомобили беа и повеќе посакувани бидејќи за да ја стартуваш колата не беше потребен рачен напор, како што беше потребен кај автомобилите на бензин кои беа карактеристични по нивната рачна курбла со која се стартуваше моторот. Електричните автомобили често се продаваа и како соодветни возила за жените, поради нивната лесност при работа.

Во 1911 година, Њујорк Тајмс изјави дека електричниот автомобил веќе долго време бил признаен како „идеален“ бидејќи бил почист, потивок и много поекономичен за разлика од автомобилите на бензин. По соопштувајќи го истово во 2010 година, Вашингтон Пост изјави дека „истата несигурност околу батериите во електричните автомобили што го бунеше Томас Едисон, трае и денес“.

Од 1990 до денес: Оживување на интересот Енергетската криза од 1970-тите и 80-тите доведе до речиси обновен интерес во јасната независност која електричните автомобили ја имаа од варирањата на пазарот за јаглеводородна енергија. Во почетокот на 1990-тите, Одборот за чист воздух во Калифорнија (ЦАРБ) започна со потрага по возила кои би користеле поефикасни горива, а помалку би испуштале штетни гасови, со крајна цел испуштањето на штетните гасови да е што поблиску до нула, како што е кај електричните возила. Како одговор на ова, производителите на автомобили ги усовршија електричниве модели: „Крајслер ТЕВан“ (анг. Chrysler TEVan), камионот „Форд Ренџер ЕВ“ (анг. Ford Ranger EV), пикапите „ГМ ЕВ1“ и „С10 ЕВ“, „Хонда ЕВ Плус“ со задна врата, миникомбето со литиумска батерија „Нисан Алтра ЕВ“ (анг.Nissan Altra EV) и „Тојота РАВ4 ЕВ“ (анг.Toyota RAV4 EV). Овие возила на крајот беа повлечени од пазарот во САД.