Глоѓи — село во Општина Теарце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Историја Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1616-1627 година се споменува како село Глоге со 18 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Глоѓи живееле 210 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Глоѓи имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.

На пописот од 2002 година, селото имало 1.295 жители, од кои 310 Македонци, 983 Албанци, 1 Турчин и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.106 жители, од кои 230 Македонци, 850 Албанци, 4 Турци, 1 Србин, 2 останати и 19 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————7841953524362———4...——8901961540483—......5...5—1.0331971541651——...9...2—1.2031981533789———2...2—1.3261991558————2———56019943828691——3...1—1.25620023109831————1—1.295

Родови Глоѓи е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонски родови: Петревци (11 к.) најстари доселеници, доселени се од сега албанско-муслиманското село Радуша. Поповци (15 к.) доселени се од селото Дуф, Гостиварско. Имаат иселеници во Романија (едно семејство), Америка (едно семејство) и во Софија (едно семејство). Чарапиновци или Матовци (4 к.) доселени се од селото Јелошник. Љумљанци (16 к.) се делат на Галовци и Анчевци. Исто така доселени се од селото Јелошник, подалечно потекло имаат од областа Љума во северна Албанија. Мисајловци (2 к.) доселени се од селото Старо Село, го знаат следното родословие: Младен (жив на 30 г. во 1940-тите) Атанас-Мисајло-Будим, предокот кој се доселил. Секуловци (4 к.) доселени се од селото Јелошник, таму имаат роднини, подалечно потекло од селото Боговиње. Малоќевци (6 к.) и они се доселени од селото Јелошник, таму биле староседелци, и имаат роднини во селото. Поповци (5 к.) исто така доселени се од Јелошник, каде имаат роднини, во Јелошник биле староседелци. Албански родови: Елезовци (41 к.) се делат на Садиковци, Идризовци и Оџини, доселени се на крајот од XIX век од селото Иваје кај Качаник. Подалечно потекло имаат од фисот Красниќ во северна Албанија. Шериф (1 к.) доселени се преку Шемшево, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат иселеници преку Тетово во Турција (едно семејство).

Општествени установи Централното основно училиште „Асдрени“ е сместено во село Глоѓи и обезбедува настава од 1 до 8 одделение на албански јазик. Училиштето ги опфаќа децата од селата Пршовце и Глоѓи. Во училиштето функционира една комбинирана паралелка за децата од 1,2,3 и 4 одделение кои следат настава на македонски јазик. Овие ученици од 5 до 8 одделение посетуваат настава во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.

Вкупниот број на некомбинирани паралелки од 1-8 одделение е 18. Училиштето работи во две смени. Реонот на централното основно училиште „Асдрени“ ги покрива селата Пршовце и Глоѓи.

Училиштето е изградено во 1933 година, а во 1981 е доградено. Објектот е составен од подрум и два спрата и во целост (и стариот дел и новиот дел) се во добра состојба. Во објектот е застапена комплетна инфрастуктура има водовод, канализација и електрична инсталација кои ги задоволува потребните норми и стандарди, но тоалетите се во лоша состојба. Во 1996 година објектот е реконструиран. Греењето на објектот е со ќумбиња на дрва. Вратите и прозорците се во лоша состојба.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2023 и 2024 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.221 гласач.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Богородица“ - Глоѓи - од XVI век Црква „Св. Атанасиј“ - Глоѓи - обновена 1863 година

Редовни настани

Личности Езекил (1836 – 1898) - македонски игумен и голем борец против странските пропаганди во Македонија Љупчо Силјановски (р. 29 јули 1949) - македонски поет, раскажувач, драмски писател. Член на Друштвото на Писателите на Македонија.

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Теарце