Ѓулчилер амам (познат и како Шенѓул амам или Кури амам) — некогашен амам во Старата скопска чаршија кој се наоѓал во непсоредна близина на Куршумли ан. Го изградил Мула Муследин Оџа во втората половина на XV век. Објектот претставувал амам сè до пожарот од 1689 година. Подоцна е разрушен во земјотреост од 1963,Ослободувањето и катастрофалниот земјотрес во 1963 г , sataracarsija.mk. а денес се останати само остатоци од неговите ѕидини.Казанџилер џамија , sataracarsija.mk. Познато е дека објектот спаѓал во групата на единечни амами, при што неговите димензии биле со складна големина. Имал живописна фасада, што се должи на градежните материјали од кои бил изграден, камен и тула. Во амамот се влегувало од јужната страна, а влезната порта била богато украсена. Внатрешниот дел бил сталактитно украсен, што може да се забележи и од остатоците.Ѓулшен амам, Скопско наследство. Кај народот, амамот бил познат и како „Кури амам“, што во превод од турски значи „сува бања“.Кури амам бил сува бања , Вест, 29 декември 2008.
Во минатото, Ѓулчилер амам, заедно уште со џамијата Казанџилер и Куршумли ан, образувале една целина, од која денес е преостанат само Куршумли ан, кој бил обновен по делумното разрушување во земјотресот.
Поврзано Џамија Казанџилер; Куршумли ан; Стара скопска чаршија.
Наводи
Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Отомански амами во Македонија Категорија:Поранешни бањи во Македонија Категорија:Урнатини во Македонија