Мирче Ацев — раселено село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Историја Поранешното име на селото е Петрово. Тоа е колонистичка населба формирана од православни Срби доселени во 1922 година од Далмација. До почетокот на Втората светска војна селото нараснало на 28 домаќинства, а имало и свое училиште. Во 1941 година бугарскиот окупатор ги иселил жителите во Србија, а на нивно место доселил жители од Локвица, Порече и од околината на Струга. По завршувањето на војната само две семејства се вратиле од Србија.

Географија и местоположба Селото било рамничарско и во близина се селата Врбјани, Кадино Село, Боротино и Славеј.

Население

Селото е раселено и според пописот од 2002 година нема жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови

Родови во селото биле: Шоргиќи (1 к.) и Станисављевиќи (1 к.) Срби. Доселени од Далмација; Локвичанци (20 к.) и Стружанци (6 к.) Македонци. Првите се од селото Локвица во Порече, а вторите од Струшко.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1519 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Славеј.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 309 гласачи.

Поврзано Прилепско Поле Општина Кривогаштани

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Мирче Ацев на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Раселени села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Кривогаштани