Олд Трафорд е фудбалски стадион во месноста Олд Трафорд, Грејтер Манчестер, Англија, и е дом на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед . Со сместивост од 74.879, Олд Трафорд е најголемиот клупски фудбалски стадион (и втор по големина фудбалски стадион по Вембли ) во Велика Британија и единаесеттиот по големина во Европа. На само 800 метри од стадионот се наоѓа и „Олд Трафорд“ Крикет теренот и трамвајска станица која се користи за посета на стадионот.
Стадионот е познат и како „Театарот на соништата“ прекар кој стадионот го добил од Боби Чарлтон,Barnes et al., p. 45 Олд Трафорд е дом на Јунајтед од 1910 година, иако во периодот помеѓу 1941 и 1949 година клубот го дели Мејн Роуд со локалниот соперник Манчестер Сити како резултат на оштетување кои Олд Трафорд ги претрпел од бомбадирањата за време на Втората светска војна . „Олд Трафорд“ ќе претрпи неколку експанзии во 90-тите и 2000-тите години, вклучително и додавање дополнителни нивоа на Северните, Западните и Источните трибини, со што стадионот речиси ќе си го врати првичната сместивост од 80.000. Идното планирано проширување веројатно ќе вклучува додавање на уште едно ниво на Јужната трибина, што би ја подигнало сместивоста на околу 88,000 гледачи. Рекордната посетеност на стадионот е забележена во 1939 година, кога 76.962 гледачи го гледале полуфиналето на ФА Купот помеѓу Вулверхемптон Вандерерс и Гримс Таун .
Олд Трафорд бил домаќин на неколку полуфиналиња на ФА Купот, натпревари на репрезентацијата на Англија, натпревари од Светското првенство 1966 и Еуро 96 како и Финалето на Лига на Шампиони 2003 . На Олд Трафорд исто така се играле и натпревари од рагби лигата како и нејзниното годишно Супер лига Финале, а се одиграле и финалињата на две Рагби лига Светски првенства. За време на Летните олимписки игри во 2012 година, на Олд Трафорд се играа фудбласки натпревари, а за првпат во историјата на Олимпијадата тука се одигра и натпревар во женскиот фудбал.
Историја
Изградба и раните години Пред 1902 година, Манчестер Јунајтед бил познат под името Њутон Хит, и во оваа време нивните фудбалски натпревари се играле на Норт Роуд, а потоа Банк Стрит во Клејтон. Сепак, обата терени биле со бедни услови, подлогата варирала помеѓу чакал и мочуриште, а додатно на Банк Стрит имало и густи облаци од чад кој доаѓал од соседните фабрики.Murphy, p. 14 Ваквата ситуација ќе се промени откако клубот ќе биде спасен од банкрот од страна на новиот претседател Џон Хенри Дејвис. Тој во 1909 година ќе одлучи да го преименува клубот, а со тоа и да го промени домашниот терен. Тој сметал дека теренот не е погоден за тим кој неодамна ја освоил Првата дивизија и ФА Купот, па за таа цел донирал средства за изградба на нов стадион.Murphy, p. 27 Познат по тоа што внимателно ги избирал своите инвестиции, Дејвис ја истражил целата околина на Манчестер за да најде соодветно место, пред да се одлучи за парчето земја во непосредна близина на каналот Бриџвотер, веднаш до северниот дел на патот Ворик во Олд Трафорд .McCartney (1996), p. 9
Олд Трафорд бил дизајниран од шкотскиот архитект Арчибалд Леич, кој бил познат по тоа што дизајнирал уште неколку други стадиони. Привичната замисла на Леич била стадионот да биде со сместивост од 100.000 гледачи, од кои за седење била приспособена само јужната трибина, која била и покриена, додека преостанатите три трибини биле замислени како тераси за стоење и без покрив.Inglis, pp. 234–235 Вклучувајќи го и купувањето на земјиштето, изградбата на стадионот првично требало да чини 60,000 фунти. Меѓутоа, како напредувала изградбата така растеле и трошоците, па за да се достигне првично предвидената сместивост биле потребни дополнителни 30,000 фунти. Па така по предлог на секретарот на клубот, Џ.Џ Бентли, сместивоста ќе биде намалена на приближно 80,000 гледачи.White, p. 50McCartney (1996), p. 13 И покрај тоа што клубот се соочувал со вакви финасиски проблеми, сепак во Англија бил сметан за еден од најбогатите. Како за споредба во ова време типичен трансфер за фудбалер изнесувал 1.000 фунти, а огромните трошоци за изградба на стадионот дополнително ќе придонесат за засилување на епитетот на клубот како „милионери“ или „ Moneybags United“. Овој епитет ќе почне да се користи кратко откако Дејвис ќе ја презеде функцијата претседател.Inglis, p. 234
Со цел да ги намали трошоците за изградба, во мај 1908 година, Архибалд Леич ќе му напише писмо на Комитетот за линии во Чешир (CLC) - истиот тој комитет имал железничко складиште во непосредна близина на предложената локација за фудбалскиот терен - а сè со цел и во обид да ги убеди да ја субвенционираат изградбата на трибината која би била сместена покрај железничката линија. Субвенцијата или заемот требало да достигне сума од 10,000 фунти, а да биде исплаќана во рати од 2.000 фунти годишно за пет години или половина од приходите кои трибината ќе ги заработи секоја година додека не се отплати заемот. Сепак, и покрај дадените гаранциите за заемот од страна на самиот клуб и двете локални пиварници, со кои претседавал претседателот на клубот Џон Хенри Дејвис, Комитетот за линии на Чешир го одбил предлогот.McCartney (1996), p. 10 CLC планирал на таа локација да изгради нова станица која ќе биде во непосредна близина на новиот стадион. Според нивните пресметки таа станица требало годишно да носи 2.750 фунти со што би се надоместиле трошоците од 9.800 фунти за изградба на станицата. Станицата - Трафорд парк - на крајот ќе биде изградена, но нешто подолу од првично предвидената локација.McCartney (1996), p. 9 КЛЦ подоцна ќе изгради уште една скромна станица со една дрвена платформа во непосредна близина на стадионот и таа ќе биде отворена на 21 август 1935 година. Првично ќе биде именувана Јунајтед Фудбал Граунд,Butt (1995), p. 247 но подоцна на почетокот на 1936 ќе биде преименувана во Олд Трафорд Фудбал Граунд. Таа станица била услужувана само на денови на кои се играле натпревари со таканаречени од шатл-служби на парни возови од железничката станица Манчестер Централ .Butt, p. 178 Денеска станицата се вика Манчестер Јунајтед Фудбал Граунд .
Изградбата на стадионот ја добиле фирмите Мессрс Брамелд и Смит од Манчестер Barnes et al., pp. 44–47, 52 а истата била завршена кон крајот на 1909 година. Првиот натпревар на новиот стадион се одиграл на 19 февруари 1910 година, а Јунајтед го дочекал големиот соперник Ливерпул . Првиот натпревар ќе заврши со победа на Ливерпул од 4:3. Натпреварот ќе го одбележи и новинарот кој бил присутен за преносот а стадионот ќе го опише поетски како „најубавата [sic], најпространа и највпечатлива арена што сум ја видел досега. Како фудбалски терен е незаменлив во светот, чест е за градот Манчестер и дом е на тимот кој може да направи чуда кога е расположен “.White (2008), p. 50
Пред да биде изграден стадионот Вембли во 1923 година, финалето на ФА Купот било играно на различни терени низ Англија, меѓу кои и „Олд Трафорд“. Првото од овие финалиња играно на Олд Трафорд било финалето во ФА Купот од 1911 година меѓу Бредфорд Сити и Њукасл Јунајтед, откако првиот натпреват во Кристал Палас завршил нерешено 0:0 по дополнителното време . Бредфорд победил со 1: 0, со голот постигнат од Џими Спирс. Овој на натпревар го следеле 58.000 луѓе. Второто финале кое се играло на Олд Трафорд било во 1915 година помеѓу Шефилд Јунајтед и Челзи . Шефилд Јунајтед го добил натпреварот 3–0 пред скоро 50 000 гледачи, од кои повеќето биле војници, поради што оваа финале ќе го добие прекарот „Финалето на Купот Хаки“. На 27 декември 1920 година, Олд Трафорд ќе биде домаќин на најголемата публика забележана во Англија од 70.504 гледачи во периодот пред Втората светска војна. „Црвените ѓаволи“ загубиле од Астон Вила со 3:1.Murphy, p. 31 Олд Трафорд ќе биде домаќин на својот прв меѓународен фудбалски натпревар нешто подоцна таа деценија, кога Англија загубила со 1-0 од Шкотска пред 49.429 гледачи на 17 април 1926 година.McCartney (1996), p. 17 Необичен е фактот што, рекордната посетеност на „Олд Трафорд“ не е на домашен натпревар на Манчестер Јунајтед., туку, на 25 март 1939 година, 76.962 гледачи го гледале полуфиналето на ФА Купот помеѓу Вулверхемптон Вандерерс и Гримс Таун .Rollin and Rollin, p. 254–255
Бомбардирање на Олд Трафорд Во 1936 година, трибината Јунајтед Роад (Трибина Сер Алекс Фергусон) ќе биде реновирана. Реновирањето ќе чини 35.000 фунти и тогаш за првпат на трибината ќе се постави 80 метарски кров.Inglis, p. 235 На јужните агли пак кровите биле додадени во 1938 година.Brandon, pp. 179–180 По избувнувањето на Втората светска војна, Олд Трафорд ќе биде запоседнат од армијата и користен како воено депо.McCartney (1996), p. 20 На стадионот ќе продолжи да се игра фудбал сè до германското бомбардирање на Трафорд Парк кое било извршено на 22 декември 1940 година. Овој напад ќе го оштети стадионот до тој степен што Божиќниот натпревар против Скопорт Сити ќе мора да се игра на гостински терен.Фудбал ќе продолжи да се игра на „Олд Трафорд“ на 8 март 1941 година, но тогаш ќе се случи уште еден германски воздушен напад. На 11 март 1941 ќе биде уништен голем дел од стадионот, особено главната трибина (Јужната Трибина), принудувајќи го клубот да се пресели во Корнбрук Колд Сториџ, кој бил во сопственост на претседателот на Јунајтед Ејмс В. Гибсон. По извршениот притисок од страна на Гибсон, Комисијата за воена оштета му доделила на Манчестер јунајтед 4.800 фунти да ги отстрани остатоците од бомбардирањето и 17,478 фунти за обнова на трибините. За време на реконструкцијата на стадионот, Манчестер Јунајтед ги играл своите „домашни“ натпревари на Мејн Роуд, домот на нивниот градски соперник, Манчестер Сити. За таа цел клубот на Сити му плаќал 5.000 фунти годишно плус процент од продажба на билетите.Murphy, p. 45 Поради ваквиот развој на настаните клубот акумулирал долг од 15.000 фунти. За да му помогне на клубот лабуристичкиот пратеник за Стоук, Елис Смит, ја повикал Владата да го зголеми пакетот со компензација на клубот, но ваквото негово барање не вродило со плод. Олд Трафорд повторно ќе биде отворен, во 1949 година, по точно 10 години откако последен пат таму се играло лигашки натпревар. Првиот натпревар по војната на „Олд Трафорд“ се одиграл на 24 август 1949 година, а на него присустувале 41.748 гледачите, кои и се радувале на побета од 3: 0 над Болтон .White (2008), p. 224
Завршување на реконструкцијата Покривот на главната трибина ќе биде обновен до 1951 година и, набргу потоа, ќе бидат покриени и трите преостанати трибини. Во завршната фаза ќе биде поставен кров на Стретфорд енд (сега Запад) во 1959 година.Brandon, pp. 179–180 Клубот исто така инвестирал 40.000 фунти со цел стадионот соодветно да се осветли за на него да можат да се играат европски натпревари. Со цел да се избегнат сенки на теренот, биле отсечени два дела од покривот на главната трибина.Inglis, p. 235 Првиот натпревар кој се игра под рефлектори на „Олд Трафорд“ бил помеѓу Манчестер Јунајтед и Болтон Вандерерс на 25 март 1957 година.Barnes et al., pp. 44–47, 52
Проблемот со осветлувањето бил само делумично решен. Како нов проблем се појавиле носните столбови на кровот кои се испречувале пред гледачите. Со цел да се реши овој проблем, а имајќи го предвид Светскиот куп во ФИФА во 1966 година, кој се играл на Олд Трафорд, директорите на Јунајтед решиле целосно да ја редизајнираат северната трибина.
За 350 илјади фунти во 1965 трибината ќе биде проширена за уште 20 000 гледачи. 10 000 ќе бидат места за седење, другите 10 000 за стоење. Столбовите ќе бидат отстранети и ќе се обезбеди непречен поглед кон теренот.