Самовилско каранфилче, шајче или ливадарка () — габа од фамилијата Marasmiaceae. Плодното тело е составено од шапка и дршка. Шапката е широка од 2–5 cm, а дршката е висока од 2–10 cm. Расте на чисти места, по пасишта, ливади и полиња. Плодните тела формираат кругови, кои поради нејзиното име се наречени самовилски ора. Распространета е во Северна Америка и Европа од лето до есен. Широко е распространета и во Македонија.
Наводи
Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи во Северна Америка Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Северна Америка