Минската област (, ) е област во Белорусија. Главен град на областа е Минск, но сепак тој е посебна административна единица. Според податоците од 2004 година, областа има 1.503.000 жители или 15,3% од вкупното население на државата.
Географија
Областа зазема вкупна површина од 40.800 км², или 19,44% од вкупната површина на земјата. Во северниот дел од областа се наоѓа езерото Нарач — најголемо езеро во Белорусија. Минската област е единствена област која не се граничи со друга држава.
Административна поделба Минската област е поделена на 22 реони, 307 селски совети, 22 града, 8 градски општини и 20 урбани населби.
Градови Минск (; ) - 1.780.000 Борисов (; ) - 150.400 Салигорск (; ) - 101.400 Малаѕечна (; ) - 98.400 Слуцк (; ) - 62.300 Жоѕина (; ) - 61.800 Вилејка (; ) - 30.000 Ѕјаржинск (; ) - 24.600 Марина Горка (; ) - 23.400 Столпци (; ) - 16.900 Нежевска () Нјасвиж (; ) - 14.300 Смалјавичи (; ) - 14.200 Заславје (; ) - 13.500 Фанипол (; ) - 13.200 Беразино (; ) - 13.100 Љубањ (; ) - 11.800 Старија Дароги (; ) - 11.700 Валожин (; ) - 11.400 Лагојск (; ) - 11.000 Капил (; ) - 10.700 Клецк (; ) - 10.600 Червен (; ) - 10.500 Узда (; ) - 10.000 Крупки (; ) - 8.300 Мјаѕел (; ) - 7.100
Поврзано
Минск Административна поделба на Белорусија
Наводи
Категорија:Области во Белорусија