Фудбалски клуб Парма (претходно Parma Associazione Calcio) е италијански фудбалски клуб од градот Парма. Тимот се натпреварува во Серија А, а својте домашни мечеви ги игра на стадионот Енио Тардини Стадио. Основан e како Верди Фудбал Клуб во јули 1913 година, но клубот го промени своето име во декември истата година.

Иако Парма никогаш не го освои домашното првенство и никогаш не се натпреваруваа за големите трофеи до 1990-тите, тие освоија три италијански купови, еден Суперкуп на Италија, два УЕФА Купа, еден Европски супер куп и еден Куп на Победниците на Куповите. Финансирани од страна на Калисто Танци, клубот ги освои овие осум трофеи во периодот помеѓу 1992 и 2002 година, период во кој го постигна својот најдобар некогаш финиш во лигата - како второпласирани во сезоната 1996-97 во Серија А - и им се закани на доминацијата на воспоставените сили во лигата: Јувентус, Милан и Интер, кој беа единствени италијански клубови кој имаа повеќе успех во европската конкуренција од Парма.

Титули Домашни Куп на Италија: Победници (3): 1991–92, 1998–99, 2001–02 Финалисти (2): 1994–95, 2000–01 Суперкуп на Италија: Победници (1): 1999 Финалисти (1): 1992, 1995, 2002 Серија А: Вицешампиони (1): 1996–97 Серија Б: вицешампион (1): 2008–09

Европски Куп на УЕФА: Победници (2): 1994–95, 1998–99 УЕФА Супер Куп: Победници (1): 1993 УЕФА Куп на Победниците на Куповите: Победници (1): 1992–93 Вицешампиони (1): 1993–94

Надворешни врски Парма на Soccerway

П