Капингамаранги е атол и општина во сојузната држава Понпеј во Микронезија. Овој е најјужен атол во земјата и во Каролинските Острови. Атолот е оддалечен 300 км од соседниот атол Нукуоро и 740 км југозападно од Понпеј. Вкупната површина на атолот, заедно со лагуната, е 74 км2, од кои само 1.1 километар квадратен е копно. Атолот е составен од 33 мали островчиња кои се покриено со шума. Западниот гребен е под вода.
Население Капингамаранги има население од околу 500 жители според податоците од 2007 година. Неколку стотици Капингамаранци живеат во селото Поракиед на Понпеј. Капингамарангискиот јазик е полинезиски јазик. Главно занимање на населението е риболовството.Kapingamarangi people - World Culture Encyclopedia Островчето Тоухоу е административен центар на општината, демографиски центар.
Наводи
Поврзано Понпеј Микронезија
Надворешни врски Карта на Капингаманги Здравствен извештај од 1950 за атолот. Монограф за влекачите на атолот од 1998. Проект за градење кануа на атолот Слики за атолот
Категорија:Општини во Понпеј Категорија:Острови во Понпеј