Градимир Панков (, ) — канадски и светски реномиран танчер, поранешен балетан и уметнички директор на Големиот канадски балет од Монтреал.De Rycke, Lisa: Gradimir Pankov, in: Kotte, Andreas (Ed.): Dictionnaire du théâtre en Suisse, Chronos Verlag Zurich 2005, vol. 2, p. 1369.
Животопис Панков е роден на на 25 октомври 1938 година, во Скопје. Во младоста се занимавал со пливање и бил регионален првак. Денес е актуелен директор на Големиот канадски балет од Монтреал, Канада. Првите часови по класичен танц, музика и учителство по танцување ги имал кај професорите Миле Јовановиќ и Олга Милосавлева на Скопскиот конзерваториум. Во 1964 година го напушта Скопје и пошнал да работи во најпрестижните европски и светски танцови компании како што се Танцувачкиот театар во Хаг, Националниот балет на Финска, балетот „Кулберг“ во Шведска, балетот „Гулбенкаин“ во Португалија, Холандскиот танцов театар, Париската и Лионската опера и Американскиот балетски театар во Њујорк каде што решил да се пензионира. Во април 2012 година го добива и првото признание од родната Македонија – наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот.
Наводи
Надворешни врски Биографија Официјалното мрежно место на Les Grands Ballets
Категорија:Канадски балетани Категорија:Македонски балетани Категорија:Македонци од Канада Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1938 година