Османлиските војни во Европа биле војните помеѓу Отоманците и Европејците на европска територија. Исто така се нарекуваат Отомански и Турски војни во старите текстови.
Подем на Отоманското Царство
Подемот на Отоманското Царство (1299-1453) се однесува на периодот кој започнал со слабеење на Селџучкиот Султанат кон почетокот на 14 век, а завршил со пропаѓањето на Византиското Царство по падот на Цариград во 1453 година. Војни во Европа се: Косовска битка Маричка битка Битка кај Никопол Битка кај Варна Битка на Косово (1448)
Територијално проширување
Територијално проширување на Отоманското Царство (1453-1683) претставува период од историјата на Отоманското Царство кој следел по создавањето и подемот на империјата (1299-1453).
Отоманско-хрватски војни Долгата кампања (1443-1444) Стогодишна војна (1493-1593) Долгата војна (1593-1606) Голема турска војна (1662-1699)
Отоманско-српски војни Галиполе Стефанијана Марица Дубравница Савра Плочник Билеча Косово поле Трипојле Деспотовац Ново Брдо Ниш Крушевац Лесковац Смедерево Белград
Сулејман Величествениот
Сулејман I е еден од најуспешните султани на Отоманското Царство. Во западните земји е познат како Величествениот а во источните како Законодавецот. На султанскиот престол се качил во 1520 година и владеел до 1566 година. Ги освоил најсветите муслимански градови Мека, Медина, Ерусалим, Дамаск и Багдад. Во август 1521 година била освоена речиси цела Србија. Во 1522 година бил заземен Родос. На 29 август 1526 година започнала Мохачката битка. Отоманците ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од Лајош II. Победата сепак не им дала голема сигурност на Османлиите. Битката го означил крајот на Кралство Унгарија. Од 1541 година Сулејман го контролирал поголемиот дел до денешна Унгарија, како и Трансилванија, Влашка и Молдавија кои станале вазалства на султанот.
Стагнација
Стагнацијата на Отоманското Царство (1683-1827) претставува период од историјата на Отоманското Царство кој следел по периодот на територијално проширување (1453-1683). По завршувањето на овој период следувал периодот на распаѓање на империјата. Руско-турска војна (1710-1711) Голема северна војна Прво српско востание Грчка војна за независност
Пад
Падот на Отоманското Царство (1828– 1908) претставува период од историјата на Отоманското Царство кој следел по периодот на стагнација (1683–1827). По завршувањето на овој период следувал периодот на распаѓање на империјата. Кримска војна Грчко-турска војна
Распаѓање
Распаѓањето на Отоманското Царство го опфаќа периодот од започнувањето на Младотурската револуција во 1908 година, до конечната поделба на империјата во 1922 година.
Балкански војни
Терминот Балкански војни се однесува на две војни, што се случиле во Југоисточна Европа во 1912 и 1913 година. Првата балканска војна започнала на 8 октомври 1912 година кога Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија (Види: Балкански сојуз), ја нападнале Османлиското Царство. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Лондон.
Втората балканска војна избила на 16 јуни 1913 година кога Бугарија, незадоволна од своите придобивки, ги нападнала своите поранешни сојузници, Србија и Грција. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Букурешт.
Категорија:Судири во 13 век Категорија:Судири во 14 век Категорија:Судири во 15 век Категорија:Судири во 16 век Категорија:Судири во 17 век Категорија:Судири во 18 век Категорија:Судири во 19 век Категорија:Судири во 20 век Категорија:Војни на Отоманското Царство Категорија:Војни на Балканот