Пикардија (, ) е еден од поранешните региони на Франција, сместен во северниот дел на земјата.

Историја

Историската провинција Пикардија се протегала северно од Ноајон до Кале, низ целиот департман Сона и северно од департманот Ена. Провинцијата Артоа (областа Арас) ја делела Пикардија од Француска Фландрија.

Денес, современиот регион Пикардија не го вклучува брегот од Берк до Кале, преку Булоња (Булоне), кој денес е во регионот Север-Па де Кале, но ги вклучува краевите (pays) Бовези, Валоа, Ноајон, Лан, Соасоне, Омоа на југ од департманите Ен и Оаза.

Географија

Пикардија се протега од долгите песочни брегови на устието на Сома на запад до пространите шуми и пасишта на исток и надолу кон замоците на Шантији или Пјерфон близу до париското подрачје и на југ сè до виноградите на границата со Шампања (Champagne picarde). Регионот се состои од 4 департмани:

Култура Пикардското културно наследство вклучува некои од најубавите готски цркви (Катедралите во Амјен и Буве), изразена локална гастрономија (ficelle picarde, flamiche aux poireaux, tarte au maroilles), пиво и традиционални игри и спортови како longue paume (претходникот на тенисот), како и пикардските танци. Демографија Според пописите помеѓу 1990 и 1999, населението на Оаза се зголемувало за 0,61% годишно (речиси двојно побрзо од Франција во целина) додека департманот Ена бележи намалување на населението додека пак во Сома сосем малку било во пораст (за 0,16% годишно). Денес, 41,3% од популацијата на Пикардија живее во департманот Оаза. Администрација Претседател на Регионалниот совет е Клод Геверк, припадник на социјалистите кој е на истата функција од 2004. Од 2008, градоначалник на градот Амјен, главен град на регионот, е социјалистот Жил Демеји. Поголеми градови

Абевил Амјен Бове Компиењ Креј Лан Сен Квентен Соасон

Поврзано Пикардски јазик

Наводи

Надворешни врски Официјална страна на регионот Пикардија, краток водич за регионот и неговите знаменитости Фотографии од Пикардија Слики од Јужна Пикардија

Категорија:Поранешни региони во Франција Категорија:Историски области во Франција Категорија:Горна Франција