Заменките во македонскиот јазик се менлива група на зборови кои се користат за означување или посочување на предмети, суштества или појави. Со нив се означува некој или нешто не со неговото именување, туку со укажување на него. Според значењето, заменките се делат на три основни групи: лични, лично-предметни и показни.

Лични заменки Личните заменки го добиле своето име не поради тоа што најчесто означуваат лице, туку поради нивната граматика категорија лице. Со овие заменки се означува односот на учесниците во разговорот. Личните заменки се сретнуваат во трите рода, во двата броја, имаат посебни кратки и долги форми за директен и индиректен предмет и овие заменки ги опфаќаат лично-повратните заменки себе (си)/ се.

Лични заменки број лице подмет директен предмет индиректен предметбез предлозисо предлозидолгакраткадолгакратка присвојна еднина I јас мене ме мене ми менеII ти тебе те тебе ти тебеIIIм.р. тој него го нему му негож.р. таа неа ја нејзе ѝ неас.р. тоа него го нему му негомножинаI ние нас нè нам ни насII вие вас ве вам ви васIII тие нив ги ним им нив

Лично-предметни заменки Лично-предметните заменки се делат на: прашални, односни, одречни, општи и неопределени.

Прашални заменки Овие заменки се користат во прашална форма со прашално значење. Некои од прашалните заменки се: кој, која, кое, кои; кого, го; кому, му; чиј, чија, чие; чии; што; колкав; каков

Односни заменки Односните заменки се користат за да се искаже однос во реченицата. Некои односни заменки се: којшто, кој; чијшто, чиј итн.

Неопределени заменки Неопределените заменки се користат за посочување неопределена ориентација/ состојба/ предмет/суштество во еден контекст. Тие не се однесуваат конкретно на некој поединец или единка и некои неопределени заменки се: некој, некого; на некого (некому); некојси; секој; нешто, сешто; сèнешто; сето (синоним на целото, во таква служба не може да стои сè: за сето тоа) кој било; кој да е; кој-годе; што било итн., каков-годе итн., колкав-годе итн.

Одречни заменки Одречните заменки се користат за негативна конотација и искажување негативност во однос на нешто. Некои одречни заменки се: никој; ништо итн.

Општи заменки Со овие заменки се искажува или посочува општост или генерално како стојат дејствата во еден контекст. Некои општи заменки се: секој, сешто, сечиј итн.

Повратни заменки

акузатив датив целосна кратка целосна кратка себе се себе си

Показни заменки Показните заменки служат за просторно и временско посочување на лица или предмети во однос на лицето што зборува. Такви заменки се: За посочување блиски предмети: овој, оваа, ова, овие За посочување пооддалечени предмети: оној, онаа, она, оние За посочување предмети без просторно определување (освен во некои случаи): тој, таа, тоа, тие.

Користена литература

Поврзано Македонистика Македонски јазик Македонска азбука Правопис на македонскиот јазик Историја на македонскиот јазик

Надворешни врски

Слогница речовска , првата печатена граматика на македонскиот јазик, издадена во 1880 од Ѓорѓија Пулевски. Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.

*