Естерјетланд () — округ (län) во југоисточна Шведска. Се граничи со округот Калмар на југоисток, Јеншепинг на југозапад, Вестра Јеталанд на запад, Еребру на северозапад, Седерманланд на североисток и Балтичкото Море на исток.
Населението брои 429.852 жители, а административен центар е најголемиот град Линшепинг. Линшепинг и соседниот град Норшепинг заедно образуваат една од најголемите населени области во Шведска. Коридорот Линшепинг-Норшешинг се нарекува „четвртата метрополитенска област“ на Шведска, покрај областите на Стокхолм, Гетеборг и Малме.
Покраина Округот ја опфаќа поранешната покраина Естерјетланд во целост. Нивните граници се идентични.
Управа
Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Естерјетланд (Landstinget i Östergötland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини десно|240п
Боксхолм Вадстена Валдемарсвик Едесхег Идре Линшепинг Мјолби Мутала Норшепинг Отвидаберг Седершепинг Финспонг Шинда
Наводи
Надворешни врски Окружен административен одбор на Естерјетланд Окружен совет на Естерјетланд
Категорија:Окрузи во Шведска Округ