мини|десно|250п|Автобус од марката „Yutong“, посебно изработен за Скопје

Автобус — моторно возило за превоз на седум или повеќе патници. Автобусите со помалку од 5,5 метри се нарекуваат минибус.

Историја мини|Градски автобус, Марбург, Германија Првиот автобус во светот бил произведен во 1801 година, од страна на Ричард Тревитик, а неговата демонстрација се одржала на 24 декември истата година во Кемброн, Англија. Тоа бил автобус со парна машина, а можел да носи осум патници. Првиот автобус со мотор со внатрешно согорување работел на бензин, а бил изработен во Германија во периодот 1894-1895 од страна на „Бенц“. Тој располагал со 8 седишта. Првиот градски автобус со мотор со внатрешно согорување се појавил на 12 април 1903 година, во Лондон. Тој бил дизајниран за 25 патници, тежел 6 тони, а силата на моторот изнесувала 26 КС.

Автобусот како тема во уметноста и во популарната култура мини|Автобус Исузу Визигоу „Автобус“ — расказ на македонскиот писател Милко Бојковски.Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 77. „Желба голема како автобус и црвена како автобус“ — расказ за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 22-30. „Red bus blues“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 55-56. „Зошто запреле автобусите“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 15-16. „Автобус“ — кус расказ на македонскиот писател Сотир Ристо.Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 24-25. „Автобус“ (англиски: The Bus) — песна на американската рок-група Бафало Том (Buffalo Tom) од 1989 година.DISCOGS, Buffalo Tom ‎– Buffalo Tom (пристапено на 9.7.2021) „Волшебен автобус“ (англиски: Magic Bus) — песна на англиската рок-група Ху (The Who) од 1968 година.DISCOGS, The Who ‎– Magic Bus (пристапено на 25.3.2018)

Наводи

Категорија:Превозни средства Категорија:Француски пронајдоци