„What You Want“ е песна од американскиот рок бенд Evanescence. Песната со тема за слобода била напишана од Ејми Ли, Тери Балсамо и Тим Макорд. Била опишана како најтешката и најразличната песна на бендот. Споре Ли, песната зборува за нејзините искуства со обожавателите и сфаќањата за работи кои таа треба да ги прави.
Дел од песната бил премиерно прикажан на MTV Вестите на 11 јули, 2011 и песната била издадена на 9 август, 2011 преку Wind-up Records како првиот сингл од третиот студиски албум на бендот, Evanescence. По издавањето, „What You Want“ добила претежно позитивни прегледи од музичките критичари кои го пофалиле гласниот звук на песната и силните вокали на Ејми Ли. Сепак некои критичари забележале дека песната не се разликува многу од нивните претходни синглови.
Музичкото видео за „What You Want“ започнало да се снима на 30 јули, 2011 во Бруклин, Њујорк и било режирано од Меиерт Авис. Песната се искачила на табелата за Алтернативни Песни и на табелата за Рок Песни на 25 и 32 место последователно. Исто така се искачила и на табелата Билборд Хот 100 на 68 место. „What You Want“ била изведена во живо од бендот за првпат на MTV.
Список на песни Дигитално спуштање „What You Want“ - 3:40
ЦД сингл „What You Want“ „What You Want“ (Ремикс од Елдер Џепсон)
Табели Табела (2011)НајвисокапозицијаСАД Алтернативни Песни (Билборд)35САД Билборд Хот 10068САД Рок Песни (Билборд)32
Историја на издавање ДржаваДатумФорматКуќаАвстралија9 август, 2011Дигитално спуштањеWind-up RecordsАвстријаБелгијаДанскаФинскаФранцијаГерманијаИталијаХоландијаНорвешкаПортугалијаШпанијаШведскаШвајцаријаСАДНов ЗеландОбединето Кралство21 август, 2011Германија9 септември, 2011ЦД сингл
Наводи
Надворешни врски Официјална страница Официјален текст на „What You Want“ на Evanescence.com
Категорија:Песни од Evanescence Категорија:Синглови од 2011 Категорија:Песни напишани од Ејми Ли