мини|Вселенската станица Скајлаб Скајлаб () била американска вселенска станица. Лансирана била на 14 мај 1973 од Вселенскиот центар Кенеди. На станицата се наоѓала лабораторија за изучување на микрогравитацијата и се извршени неколку Сончеви експерименти, меѓу кои и анализи на меките икс-зраци од Сонцето со бранова должина од 6-49 ангстреми. Скајлаб влегол во атмосферата и согорел над Австралија на 11 јули 1979 година. Во текот на 5-те години функционирање, три екипажи ја посетиле вселенската станица Скајлаб.

Наводи Richard A. Matzner, Dictionary of Geophysics, Astrophysics, and Astronomy. CRC Press, 2001.

Категорија:Сателити кои орбитирале околу Земјата Категорија:Вселенски летала со екипаж Категорија:Вселенски станици на НАСА Категорија:Програма Скајлаб Категорија:Вселенски летала пуштени во 1973 година