мини|Храм на месечината Ла Либертад (La Libertad, „Слобода“) — регион во северозападно Перу. Порано, регионот бил познат како департман Ла Либертад. Регионот се граничи со Ламбајеке, Кахамарка и Амазон на север, со Сан Мартин на исток, со Анкаш и Уануко на југ, а на запад излегува на Тихиот Океан. Главен град на регионот е Трухиљо, кој е трет најголем град во Перу. Ла Либертад е единствен регион во Перу кој се протега на трите географски региони на државата: брегот, висорамнините и планините.
Административна поделба
Регионот е поделен на 12 покраини и 80 окрузи. Во прилог следуваат покраините со главните градови:
Аскопе (Аскопе) Боливар (Боливар) Чепен (Чепен) Гран Чиму (Каскас) Хулкан (Хулкан) Отуско (Отуско) Пакасмајо (Сан Педро де Лок) Патаз (Тајабамба) Санчес Карион (Уамачуко) Сантјаго де Чуко (Сантјаго де Чуко) Трухиљо (Трухиљо) Виру (Виру)
Поврзано Административна поделба на Перу Трухиљо
Категорија:Региони во Перу *