Ограничувањата на меѓународната трговија, првенствено во форма на нецарински бариери, драстично се зголемија во 1980-тите години на минатиот век. Јапонците, на пример, се соочија со ограничување на нивниот извоз на автомобили во САД, во 1981 година. Една година подоцна, владата на САД како дел од нејзината интервенција на пазарот на шеќер, наметна увозни квоти за шеќерот. Зголемената употреба на протекционистичките трговски политики, отвора како национални така и меѓународни прашања. Како што многу набљудувачи имаат забележано, меѓународните трговски ограничувања, генерално, рефлектираат големи последици врз националната економија. Нето придобвиките остварени со заштитата на домашните производители се надминати со загубите поради прекумерното производство и ограничената потрошувачка на заштитените добра. Како форма на протекционизам, нецаринските бариери генерираат општи последици, резимирани погоре, но сепак постојат бројни причини, наспроти нивната бројност, да се фокусира вниманието единствено на нецаринските бариери. Нецаринските бариери, опфаќаат широк спектар на специфични мерки, чии ефекти не се лесно мерливи. На пример, пристрасноста на владите при јавните набавки кон домашните производители, е тешко мерлива. Покрај тоа, многу нецарински бариери предизвикуваат дискриминација меѓу трговските партнери во земјите. Оваа дискриминација го нарушува принципот на најповластена нација, кој е основа на Општата спогодба за царини и трговија. Не само што овој принцип бара земјите да ги третираат трговските партнери идентично, тој исто така бара намалувањето на трговските бариери на билатерална основа да биде општо важечко за сите земји потписнички на ГАТТ. Со замената на билатералните, дискриминаторски договори со мултилатерален пристап кон трговските преговори и решавањето на споровите, земјите го зголемија сомнежот во врска со долгорочната одржливост на ГАТТ.