„Honesty“ е песна од Били Џоел издадена во 1979 како третиот сингл од неговиот албум 52nd Street. Се искачила на 24 место на Билборд Хот 100, станувајќи третиот последователен топ 40 хит од албумот.

„Honesty“ била позната во Јапонија неколку децении и била преработена од многу источноазиски музичари како Чукузен Сато, Хајиме Мизогучи, Никотин и K. Песната била вклучена на јапонското издание на компилациониот албум од Џоел Greatest Hits Volume 2, како бонус песна и била вклучена во неколку реклами во Јапонија. Во мај 2009, верзијата на Џоел добила златна сертификација од Јапонија за 100,000 копии спуштени како рингтон. Дел од песната е преземен од песна од Паул Симон наречена „Tenderness“, од неговиот албум од 1973 There Goes Rhymin' Simon.

Список на песни „Honesty“ „Root Beer Rag“ „The Mexican Connection“ (Б-страна во САД)

Табели Chart (1979)PeakpositionАвстралија80ХоландијаDutch Top 40 1979 . Retrieved 2009-01-08.31Јапонија Oricon53Нов Зеланд38САД Билборд Хот 10024САД Билборд Возрасни Современи Песни9

Верзија на Бијонсе Ноулс

Во 2008, Бијонсе Ноулс ја преработила верзијата на Били Џоел за компилацискиот албум на нејзината поранешна група Destiny's Child, наречен Love Destiny. Песната била вклучена на Платинестото издание на нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce.

Верзијата на Ноулс била опишана како балада, која за жал е иронично дополнение на албумот. Служејќи како шеснаесеттата песна на платинското издание на I Am... Sasha Fierce, песната е спротивна од претходната „Why Don't You Love Me“. Песната го прикажува душевниот вокал на Ноулс и нејзиниот голем глас. Песната станала многу популарна на корејските табели за време на нејзините концерти во Сеул во 2009.. Honesty Debuts At Number 2 In Korea Retrieved 2010-06-14.

Табела (2008)НајвисокапозицијаКорејски Топ 100 Синглови2

Наводи

Категорија:Синглови од 1979 Категорија:Песни од Били Џоел Категорија:Песни напишани од Били Џоел Категорија:Песни од Бијонсе Ноулс Категорија:Софт рок песни