Манастирец — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Дренок. Претставува сакрален објект од доцниот среден век. Се наоѓа на околу 1,5 км западно од регионалинот пат Струга-Дебар (Р1201). Сместен е на пространа тераса, со површина од околу 3-4 хектара, на која се среќаваат грамади од кршен камен, тули, покривни ќерамиди, а се гледаат и темели од објекти. Во непосредна близина на наоѓалиштето се наоѓаат остатоци од пат пробиен во карпа.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Драслајца; Св. Спас — црква од средниот век.

Наводи

Категорија:Дренок (Струшко)