Хуан Мартин дел Потро () (роден 23 септември 1988), често именуван по својот прекар Делпо, е аргентински професионален тенисер кој е моментално најдобро рангиран аргентински тенисер како и седми тенисер во светот. Дел Потро влегол во најдобрите 10 на АТП листата за првпат на 6 октомври 2008. Во јануари 2010, тој го достигнал своето највисоко место на АТП листата, 4-то место. Набргу по достигнувањето на ова место, дел Потро морал да се повлече од поголем дел од турнирите во 2010 поради повреда на зглобот.
Дел Потро започнал да игра тенис на седум годишна возраст, и на 15 годишна возраст во 2004 тој ја остварил својата прва сениорска победа. Во 2008, тој станал првиот тенисер во историјата на АТП кој ги освоил своите први четири титули на исто толку турнири. Тој исто така ја имал втората најдолга победничка низа во 2008, и втора најдолга од тинејџер, зад Рафаел Надал кој имал победничка низа од 23 победи на 5 турнири. Дел Потро ја освоил својата прва Гренд слем титула на Отвореното првенство на САД 2009, победувајќи го Надал во полуфиналето и Рожер Федерер во финалето. Дел Потро е единствениот тенисер кој покрај 'Големата четворка' - Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер, и Енди Мареј успеал да освои гренд слем титула од 2005. Тој станал вториот аргентинец и петтиот најмлад тенисер кој успеал да го освои Отвореното првенство на САД во Опен ерата. Дел потро исто така бил освојувач на бронзен медал од Летните олимписки игри во 2012 во поединечна конкуренција.
Ран живот Хуан Мартин дел Потро е роден во Тандил, Аргентина. Неговиот татко, Даниел дел Потро, играл полупрофесионално рагби во Аргентина и тој е ветеринар. Неговата мајка, Патриција, е учителка и тој има помлада сестра која се вика Џулиета. Дел Потро зборува шпански, англиски и помалку италијански јазик. Настрана од тенисот, тој ужива играјќи фудбал и навива за Бока Јуниорс и Јувентус. За време на своето детство тој многу често го посветувал своето време на тенисот и фудбалот, и фудбалерот Мауро Каморанези е еден од најблиските пријатели на дел Потро.
Дел Потро започнал да игра тенис на седум годишна возраст заедно со тренерот Марсело Гомес. Талентот на дел Потро бил откриен од страна на поранешниот италијански тенисер Уго Коломбини, кој го следел низ почетните фази во неговата кариера, и до ден денес е негов агент и близок пријател. Кога бил запрашан за неговите амбиции во тенисот, тој одговорил, "Сонувам да освојам гренд слем и дејвис куп."
Стил на игра Дел Потро е првенствено напаѓач од основната линија со силен сервис и длабоки, рамни топспин удари. Неговиот форхенд е еден од неговите главни предности и најверојатно најсилен во играта, кој често достигнува брзина од 100 милји на час, и тој исто така поседува многу постојан и силен дворак бекхенд. Неговата висина му овозможува моќен прв сервис, како и полесно враќање на високите топспин топки.
АТП финалиња во кариерата Поединечно: 18 (13–5) ЛегендаGrand Slam tournaments (1–0)Year-end championships (0–1)ATP World Tour Masters 1000 (0–1)ATP World Tour 500 series (4–2)ATP World Tour 250 series (8–1)Титули по подлогаТврда (9–5)Земја (4–0)Трева (0–0) ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултатПобедник1.13 јули 2008Штутгарт, ГерманијаЗемја Ришар Гаске6–4, 7–5Победник2.20 јули 2008Кицбиел, АвстријаЗемја Јирген Мелцер6–2, 6–1Победник3.10 август 2008Лос Анџелес, САДТврда Енди Родик6–1, 7–6<sup>(7–2)Победник4.17 август 2008Вашингтон, САД <small> (1)Тврда Виктор Троицки 6–3, 6–3Финалист1.5 октомври 2008Токио, ЈапонијаТврда Томаш Бердих1–6, 4–6Победник5.17 јануари 2009Оукленд, Нов ЗеландТврда Сем Квери6–4, 6–4Победник6.9 август 2009Вашингтон, САД <small> (2)Тврда Енди Родик3–6, 7–5, 7–6<sup>(8–6)Финалист2.16 август 2009Монтреал, КанадаТврда Енди Мареј7–6(7–4), 6–7(3–7), 1–6Победник7.14 септември 2009Отворено првенство на САД, Њујорк, САДТврда Рожер Федерер3–6, 7–6(7–5), 4–6, 7–6(7–4), 6–2Финалист 3.29 ноември 2009ATP World Tour Finals, Лондон, Велика БританијаТврда Николај Давиденко3–6, 4–6Победник8.27 февруари 2011Делреј Бич, САДТврда Јанко Типсаревиќ6–4, 6–4Победник9.1 мај 2011Есторил, Португалија (1)Земја Фернандо Вердаско6–2, 6–2Финалист4.30 октомври 2011Виена, АвстријаТврда Жо-Вилфрид Цонга7–6(7–5), 3–6, 4–6Финалист5.19 февруари 2012Ротердам, ХоландијаТврда Рожер Федерер1–6, 4–6Победник10.26 февруари 2012Марсеј, ФранцијаТврда Микаел Лодра6–4, 6–4Победник11.6 мај 2012Есторил, Португалија (2)Земја Ришар Гаске6–4, 6–2Победник12.21 октомври 2012Виена, АвстријаТврда Грега Жемља7–5, 6–3Победник13.28 октомври 2012Базел, ШвајцаријаТврда Рожер Федерер6–4, 6–7(5–7), 7–6(7–3)
Двојки: 1 (1–0) ЛегендаGrand Slam tournaments (0–0)Year-End Championships (0–0)ATP Masters 1000 (0–0)ATP World Tour 500 series (0–0)ATP World Tour 250 series (1–0)Титули по подлогаТврда (1–0)Земја (0–0)Трева (0–0) ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПартнерПротивнициРезултатПобедник1.30 јули 2007 Индијанаполис, САДТврда 3–6, 6–2, [10–6]
Други турнири ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултатПобедник1.5 август 2012 Летни олимписки игри, Лондон, Велика БританијаТрева Новак Ѓоковиќ7–5, 6–4
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Аргентински тенисери Категорија:Живи луѓе Категорија:Освојувачи на олимписки медали