Селиште — археолошко наоѓалиште во крушевското село Острилци. Претставува доцноантичка населба. Се наоѓа на 1,5 км југоисточно од денешната црква „Св. Ѓорѓи“, на левата страна од асфалтниот пат за Крушево, каде на простор од 100 × 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
Поврзано Јовкова Колиба — некропола од средниот век; Старо Село — населба од доцноантичко време; Стипцарник — населба, некропола, рудник и топилница од доцноантичко време; Острилци; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи
Категорија:Острилци