Машка ракометна репрезентација на Данска — државна репрезентација на Данска која ја претставува државата на меѓународните ракометни турнири. Данска се наоѓа на второто место по освоени медали во историјата на Европските првенства во машка конкуренција веднаш по Шпанија, со вкупно шест медали, од кои се два златни медали (2008, 2012), еден сребрен (2014) и три бронзени медали (2002, 2004 и 2006 година). Од јануари 2019 година, Данска е актуелен олимписки и светски шампион.
Историја Ракометарот е втор најпопуларен спорт во Данска, веднаш зад фудбалот. На крајот на 2003 година Данската ракометна федерација имала повеќе од 146,000 активни и пасивни членови.
Светско првенство 2007 година
Во 2007 година Данска учествувала на Светското првенство во Германија, каде што се паднала во групата Е против Ангола, Унгарија и нивните соседи Норвешка. Во групната фаза Данска завршила на второто место, по победите против Ангола и Норвешка. Во главната рунда екипата се соочила со Хрватска, Чешка, Русија, Унгарија и Шпанија.
И покрај почетниот пораз против Хрватска, екипата напредувала совладувајќи ги своите последни тројца противници. Во четвртфиналето бил совладан Исланд со 42: 41. Во полуфиналето Данска била поразена од страна на Полска со 36–33. По поразот следувал натпревар за третото место, во кој Данска ја совладала Франција со 34-27, со што го освоила бронзениот медал на турнирот.
Пивотот на Данска, Михаел Кнудсен, бил избран во најдобриот тим на турнирот. Европско првенство во 2008 година
По завршувањето на 3-тото место по три последователни Европски првенства, данската екипа освоила злато на Европското првенство во ракомет за мажи во 2008 година, првенство кое се одржало во соседна Норвешка. Тимот загубил само еден натпревар на патот кон златото, натпревар кој бил жестоко оспорен против домаќинот Норвешка. Данскиот тим ја победил Хрватска со 24-20 во финалето, откако во полуфиналето била поразена Германија. Голманот Каспер Хвид и крилниот играч Ларс Кристијан имале најголема улога во освојувањето на медалот, и двајцата биле избрани во најдобриот тим на турнирот, а Ларс Кристијансен, исто така, станал и најдобар стрелец на турнирот.
Европско првенство во 2010 година
Данска како шампион била фаворит да ја задржи титулата. Сепак, тие не успеале, губејќи натпревари против Исланд и Хрватска. Наместо да напредува во главната рунда, Данска го завршила првенството на 5-то место победувајќи ја Шпанија со резултат од 34-27. Светско првенство во 2011 година На Светското првенство во ракомет за мажи во 2011 година, по победата на 9 натпревари во низа, Данска стигнала до финалето кога претходно во полуфиналето ја победила Шпанија со резултат од 28:24. Ова било првпат по над 44 години, Данска да стигне до финале на Светското првенство. Во финалето Данска загубила од Франција со 35:37 во продолжение. Така, Франција во тој период ги имала освоено сите три главни титули и била европски шампион, олимписки шампион и светски шампион.
Европско првенство 2012 година
Данска дошла на Европското првенство во ракомет за мажи во 2012 година како вице-светски шампион и како еден од фаворитите за победа на турнирот. Како и да е, во главната група Данска загубила и од Србија и од Полска, продолжувајќи во главната рунда со нула бодови, имајќи само победа против Словачка. Ова значело дека Данска морала да ги победи сите свои натпревари и во исто време, тие морале да се потпрат на другите резултати за да поминат во полуфиналето. Како по чудо, резултатите од другите натпревари биле во прилог на Данска. Судбината на опстанокот на Данска лежела во Полска, бидејќи Полска морала да победи против Германија за да го одржи опстанокот на Данска на турнирот. По жестокиот и близок натпревар помеѓу Полска и Германија, Полска победила со 33:32. Ова значело дека Данска треба само да ја совлада Шведска во последниот натпревар од главната рунда и да дојде до полуфиналето. Данска ја победила Шведска со голема разлика, 31-24, станувајќи првиот тим како од машка така и од женска страна во историјата на Европското првенство, која дошла до полуфиналето, носејќи нула бодови во главниот круг.
Како и Светското првенство во ракомет за мажи во 2011 година, Данска во полуфиналето се соочила со Шпанија, натпревар во кој Данска победила со 25-24. Во другото полуфинале, домаќинот Србија ја пречекала Хрватска, натпревар во кој Србија победила со резултат од 26-22.
Во натпревар со низок резултат, Данска ја освоила својата втора титула во Европското првенство, откако во финалето ја совладала Србија со резултат од 21-19, со што станала првата ракометна репрезентација што некогаш ја одбранила титулата на европски шампион, носејќи нула бодови во главната рунда.
2013 Светско првенство
И покрај тоа што поминала разочарувачки на Олимписките игри во 2012 година, Данска била меѓу најдобрите тимови кои ја освоиле титулата светски шампион. Како одбрана на европската титула, Данска се паднала во група со Русија, Исланд, Македонија, Катар и Чиле во групата Б. Победувајќи во сите свои натпревари, Данска слободно продолжила во следната фаза каде во 16-финалето се сретнала со Тунис победувајќи го со резултат од 30-23. Во следната фаза Данска стигнала до четвртфиналето каде се сретнала против Унгарија. По доброто прво полувреме, водејќи 18-11, на крај Данска успеала да победи со 28-26, стигнувајќи до полуфиналето по вторпат по ред на овој турнир. Во полуфиналето Данска се сретнала со Хрватска која во својот пат кон полуфиналето, ја совладала Франција како светски шампион. Данска го одиграла својот најдобар натпревар на Светското првенство, победувајќи со 30-24 и го обезбедила второто по ред финале на Светското првенство.
Во финалето, Данска играла против домаќинот, Шпанија. Во финалето Данска го одиграла можеби најслабиот натпревар во нејзината историја, кога била поразена со разлика од рекордни 16 гола.
Европско првенство во 2014 година
Како вице-светски шампион и предноста на домашен терен, Данска била меѓу фаворитите за победа на турнирот. Тие ги добиле сите натпревари во прелиминарното коло, како и главната рунда, стигнувајќи до полуфиналето. Данска ја совладала Хрватска со резултат од 29–27, но загубиле од Франција во финалето со 41–32. Ова било вторпат по ред Данска да загуби финале, губејќи претходно од Шпанија на Светското првенство 2013 година.
Светско првенство 2019 година
Данска заедно со Германија биле ко-домаќини на Светското првенство во 2019 година и играле во групата Ц со Норвешка, Тунис, Чиле, Австрија и Саудиска Арабија. Данска започнала со победа над Чиле и останала непоразена. Потоа во групата II во главната рунда во првиот натпревар издвојувала победа над Унгарија, исто така непоразена. Победата над седумкратниот светски првак Франција овозможила Данска да се пласира во финалето. Данска ја освоила својата прва титула светски шампион со победа од 31-22 над Норвешка во финалето.
Медали Натпреварување Вкупно Летни олимписки игри1 0 0 1Светско првенство1 3 1 5Европско првенство2 1 3 6 Вкупно 4 4 4 12
Учества Шампион 2-ро место 3-то место 4-то место
Олимписки игри
ИгриФазаМесто 1936 БерлинНе се квалификувалаНе учествувала од 1948 до 1968 1972 МинхенНатпревар за 13-то место13-то од 1652127878 0 1976 МонтреалНатпревар за 7-то место8-мо од 115203113127 −14 1980 МоскваНатпревар за 9-то место9-то од 126204124124 0 1984 Лос Анџелес4-то место4-то од 126402134122 +12 1988 СеулНе се квалификувала 1992 Барселона 1996 Атланта 2000 Сиднеј 2004 Атина 2008 ПекингНатпревар за 7-мо место7-мо од 128323225211 +14 2012 ЛондонПолуфинале6-то од 126402146153 −7 2016 РиоШампион1-во од 128602230211 +19 2020 ТокиоКвалификуванВкупно8/141 Титула442331810501026+24
Светско пвенство Светско првенствоГодинаФазаМестоНатпревариПобедиНерешениПоразиДГПГ 1938Полуфинале43003620 19545-то место531024445 1958Полуфинале4640212186 19615-то место564029278 19647-мо место7630310596 19672-ро место2 640210778 1970Полуфинале463 03103116 1974Втора фаза862046378 1978Полуфинале46411114101 1982Полуфинале47412150143 1986Втора фаза87304152160 1990 Не се квалификувала 1993Втора фаза97223145156 1995Прва фаза195203126117 1997 Не се квалификувала 1999Шеснаесетфинале96402141140 2001 Не се квалификувала 2003Втора фаза97403201193 2005Прва фаза135302174117 2007Полуфинале3 10703316283 2009Полуфинале410703298258 2011Финале2 10901334256 2013Финале2 9801291244 2015Четвртфинале59621272234 2017Шеснаесетфинале106501182157 2019Шампион1 101000317223 2021Квалификувана 2023TBDВкупно24/281 Титула15599*65138543377
Европско првенство Европско првенствоГодинаФазаМесто 19944-то место47313150152 199611/12 место126006132158 1998 Не се квалификувала 20009/10 место106204143153 20023-то место3 8611212190 20043-то место3 8602240206 20063-то место3 8512249231 2008Шампион1 8701233193 20105/6 место57502198184 2012Шампион1 8602216201 2014Финале2 8701247222 20165/6 место67412194180 20184 место48503235205 2020 Квалификувана 2022 TBD 2024 TBDВкупно13/142 Титули815042724492275
Екипа
Моментален состав Состав за Светското првенство 2019 година.2019 World Men's Handball Championship squad
Натпреварите и головите сè до 27 јануари 2019 година.http://www.dhf.dk/landshold/herre-a/truppen/
Тренер: Николај Јакобсон
Тренерски состав Позиција Име Главен тренер Николај Јакобсон Асистент на тренер Хенрик Кронборг Тимски тренер Кај Јохансен Тренер на голманите Михаел Брун Доктор Мортен Сторгард Физиотерапевт Кристофер Главинд Физиотерапевт Анја Давид Грив
Статистика
#ИграчНатпреватиГодини1 Ларс Кристијансен 338 W 1992–20122 Ханс Линдберг 263 W 2003–3 Бо Спелерберг 245 CB 2000–4 Михаел Кнудсен 244 P 1999-20145 Михаел Фенгер 234 W 1982–19936 Ерик Расмусен 233 OB 1980–19947 Каспер Нодесбо 223 P 2001–8 Каспер Хвид 219 GK 1996–20109 Андерс Нелсен 209 CB 1973–198410 Ласе Сван Хансен 208 W 2003–11 Микел Хансен 201 OB 2007–12 Никлас Ландин Јакобсен 199 GK 2001–13 Каспер Ниелсен 191 D, OB 1995–14 Јоаким Болдсен 186 CB 1998–200815 Мортен Бјере 185 OB 1992–200516 Каспер Сондергард 184 OB 2004–201717 Андерс Егерт 160 W 2003–18 Ласе Боесен 159 OB 2000–201219 Николај Јакобсен 148 W 1991–200320 Рене Тофт Хансен 142 P 2005–
Стрелци #PlayerGoalsAverageYears1 Ларс Кристијансен 1503 4.45 W 1992–20122 Ерик Расмусен 1015 4.37 OB 1980–19933 Микел Хансен 1000 4.9 OB 2007–4 Михаел Кнудсен 797 3.27 P 1999-20145 Ханс Линдберг 732 2.79 W 2003–6 Андерс Ниелсен 610 2.92 CB 1973–19847 Кристијан Хјерминд 595 3.5W 1994–20058 Николај Јакобсен 584 3.95 W 1991–20039 Андерс Егерт 581 3.63 W 2003–10 Михаел Фенгер 541 2.31 W 1982–199311 Ласе Сван Хансен 498 2.35 W 2003–12 Каспер Нодесбо 450 2.02 P 2001–13 Morten Bjerre 432 2.34 OB 1992–200514 Ласе Боесен 406 2.55 OB 2000–201215 Јоаким Болдсен 405 2.18 CB 1998–200816 Каспер Сондергард 395 2.15 OB 2004–201717 Ларс Крог Џепесен 384 2.84 OB 1998–200818 Каспер Мортенсен 333 2.6 W 2010–19 Бо Спелерберг 332 1.36 CB 2000–20 Каспер Ниелсен 289 1.51 D, OB 1995– </div>
Поврзано Данска Ракомет во Данска Ракомет
Наводи
Надворешни врски Дански Ракометен Сојуз
Категорија:Ракометот во Данска Данска