Босилово — село во Општина Босилово, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица. Селото претставува административно седиште на истоимената општина.
Потекло и значење на селото
Името на селото првпат е запишано како Босилово во пишани документи во век (1519 г.) и низ годините се сретнува под слични варијанти (Босилево, Босиљово). Името доаѓа од личното име Босил образувано со суфиксот -ово. Името Босил е споменато како Пејо, син на Босил во 1481 година. Името Босил пак се поврзува со растението босилек.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на рамништето на Струмичкото Поле, односно во мошне плодното рамниште од десната страна на реката Струмица. Селото е сместено во западниот дел на подрачјето на истоимената општина, на кое претставува нејзино седиште. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 254 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 8 километри.
Низ селото поминува државниот пат А4, кој води до граничниот премин Ново Село со Бугарија.
Топонимија Во рамките на селскиот атар се наоѓаат следниве топоними: Баџин Герен, Барово, Варо, Вреж, Ѓелевки, Герелчина, Герен, Горна Камберица, Гумусбенту, Дамус Бенти, Добрава, Домуз Башти, Домузица, Драгомирово, Еднокуќи Башти, Елевки, Евенџик, Енџек Бак, Еднокуќи, Кавари, Кади Орман, Кежекрица, Калавари, Камбарица, Кара Орман, Ќекут, Ќелевки, Колари, Колепка, Копелеч, Лаштево, Матуца, Маштово, Мерис, Метла, Оризари, Парикла, Парчиња, Песоци, Петралинка, Рупки, Симонка, Село, Сливиште, Тенки Пат, Туеновка, Турија, Турковка, Турла, Турново, Церенчинја и Чекит.
Историја
Денеска не е познато кога точно била основана населбата, но се претпоставува дека тоа се случило пред почетокот на турското владеење на овие простори. За настанокот на селото постојат повеќе легенди.
Според едно предание, селото порано имало друга местоположба. Се наоѓало на околу половина километар северно од денешната локација и се викало Нејчино, а негово соседно село било Драгомирово, во кое тогаш живееле дваесетина ромски семејства, но ова село било изгорено во почетокот на XX век, односно 1913 година.
За време на османлиското владеење на овие простори, територијата каде денеска се наоѓа Босилово било чифлиг на неколку турски бегови. Инаку, во атарот на селата Босилово и Драгомирово во тоа време чифлици имале: Мехмед–бег, Зејни–бег, Риза–бег, Ариф–бег и други. Некои од беговите им дозволувале на чифлигарите на местото каде што е денешно село да изградат примитивни куќи. Така еден чифлигар од Нејчино, според народното предание, по името Босилјан (Босилко, Босил), прв изградил куќа на ова место. Подоцна, кога селото Нејчино било запалено и разрушено, беговите им помогнале да изградат куќи и на другите најчани околу новоградбата на Босилко.
Така, на тоа место била основана нова маала селска населба, која според името на првонаселениот Босилко била наречена Босилово. Со текот на времето Босилово започнало да расте па во него и беговите изградиле свои домови.КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
Во 1842 година македонското население ја изградило црквата „Свети Атанасиј“. Во црквата отпрвин се служело на грчки јазик, но откако учителот А. Костенцев со група ученици, на Спасовден во 1869 година учествувал во службата на словенски јазик, мнозинството од селаните веќе не сакале да чујат за грчки јазик во црквата. По овој случај овде доаѓале селани и од околните села за да слушнат зборови што ги разбирале.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 159.
Во селото имало и џамија чии остатоци биле забележливи до 1895 година.
На 25 март 1907 година селото Босилово и соседните села биле зафатени од голема поплава од реките Стара Река и Турија. Во еден запис стои дека целото село било поплавено и дека поплавите нанеле големи штети на месното население.
По започнувањето на Балканските војни, од селото едно лице бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 831.
Според Карнегиевата балканска комисија, во текот на војната, муслиманското население во струмичкиот крај најпрвин било собрано во џамијата во градот по наредба на четите на ВМРО, а подоцна 18 од најбогатите од нив биле врзани и однесени во Босилово, каде што биле убиени.Струмица и Струмичко во времето на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, Завод за заштита на спомениците и културата и музеј на Струмица, 2013. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе ѝ припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на ѕверства. Жителите на Босилово им се пожалиле на бугарската редовна војска за мачењата кои ги направиле грчките војници врз месното население.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Пред започнувањето на Втората светска војна, во околните села во Струмичкиот регион сè уште немало ниту една здравствена установа. Така, една од првите кои биле отворени во регионот била во селото Босилово. Во периодот меѓу двете светски војни, селото било под постојани напади и рации од страна на српската полиција, која барала лица поврзани со ВМРО. Честопати жртва на овој терор било мирното месно население на селото.
По започнувањето на Втората светска војна, во 1942-1943 година месното население започнало да се организира против фашистичкиот окупатор. По воспоставените врски меѓу останатите населени места, во народното движење од селото се приклучил попот Ристо Гавровски, преку Боро Џони. По преминувањето на Бугарија на страната на антифашистичките сили, во селото се наоѓал 48. бугарски полк и во селото бил одржан состанок помеѓу Струмичкиот партизански одред и бугарската страна за заеднички дејства против германските сили. Во текот на војната, од селото своите животи ги загубиле: Гинин Ванчо, Ѓоргиев Ванчо, Дедејски Асен, Дедејски Наке, Карамазов Стојан и Паралидов Борис, додека во списокот на жртви на фашистичкиот терор се вклучени: Гавров Атанас, Гавров Борис, Кацаров Илија и Костадинова Слава.
Во селото е подигнат споменик на НОБ за паднатите борци во текот на војната од Босилово, но и од други села.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 8,1 километар квадратен. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 708,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 39,5 хектари, а на шумите само 1,4 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во минатото во селото работел фабрички погон „Галапром“ за производство на хартија, а денес во него има продавници и угостителски објекти.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година селото се состоело од 100 семејства и 321 жител Македонец и 38 муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 465 жители од кои 430 Македонци и 35 Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Освен тоа, во селото работело и едно егзархиско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.
Селото е големо, со пораст на населението до 2000-тите години. Во 1961 година селото броело 1.433 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 1.701 жител, населено со македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Босилово броело 1.698 жители, од кои 1.697 Македонци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.273 жители, од кои 1.217 Македонци, 4 Срби и 52 лица без податоци.
Општествени установи
Седиште на Општина Босилово ОУ „Гоце Делчев“ - централно основно училиште за ученици од прво до деветто одделение Детска градинка „Среќни Насмевки“ Здравствена амбуланта Пошта (2431) Задружен дом „Тито“ ЈПКД „Огражден“ Информативно-едукативен центар
Самоуправа и политика
Во век, Босилово било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Босилово, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Босилово.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Босилово во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Босилово, во која покрај селото Босилово, се наоѓале и селата Гечерлија, Дабиле, Дрвош, Еднокуќево, Петралинци, Робово, Сарај, Старо Балдевци и Хамзали. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Босилово во која влегувале селата Босилово и Еднокуќево.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1811 и 1812 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и домот на културата.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.394 гласачи. На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.400 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква; и Црква „Св. Софија и Никола“ — нова селска црква.
Џамии До 1895 година, во селото постоела џамија.
Споменици Во селото има споменик на НОБ, споменик на сретселото и статуа на Атлас
Личности
Родени во или по потекло од Босилово Иван Василевски (1947-2015) — македонски поет и романописец; и Ефтим Ванев Вучков — македонски револуционер.
Галерија
Поврзано Општина Босилово Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Босилово