Метју Пејџ „Мет“ Дејмон (роден на 8 октомври 1970 г.) — американски глумец, сценарист и продуцент.
Тој е рангиран на списокот на најпрофитабилни славни личности на списанието Форбс и е еден од највисоко платените глумци на сите времиња. Дејмон добил различни награди во текот на својата кариера, вклучувајќи еден Оскар од пет номинации, два Златни глобуси од осум номинации, и бил номиниран за две БАФТА награди и шест Еми награди.
Роден и израснат во Кембриџ, Масачусетс, Дејмон започнал да глуми во средношколски театарски претстави и првата филмска улога ја добил во филмот Мистична пица (1988). Во 1997 година тој станал познат со филмот Добриот Вил Хантинг, чие сценарио го напишал заедно со Бен Афлек, и исто така во филмот играл и главна улога. Заедно со Афлек, тој добил Оскар и Златен глобус за најдобро оригинално сценарио, а исто така бил номиниран и за Оскар за најдобар глумец. Тој продолжил да собира пофалби од филмските критичари за улогите во филмовите Спасувањето на војникот Рајан (1998), Талентираниот господин Рипли (1999), Догма (1999), Сиријана (2005) и во Покојните (2006).
Дејмон исто така е познат по улогата на Џејсон Борн во филмскиот серијал Борн (2002–16) и како измамник во трилогијата Оушн (2001–07). За споредната улога на рагби играч во спортската драма Непобедливи (2009) и за главната улога на астронаут заглавен на Марс во научнофанатастичниот филм Марсовец: Спасувачка мисија (2015), Дејмон добил номинации за Оскар за најдобар спореден глумец и најдобар глумец, редоследно. За вториот филм, тој исто така добил Златен глобус за најдобар глумец во комедија или мјузикл. Дејмон добил номинации за Еми награда за неговата изведба во биографскиот филм Зад канделабрите (2013) и за продуцирање на документарната серија Проект зелено светло.
Младост Мет Дејмон е роден во Кембриџ, Масачусетс, син на Кент Телфер Дејмон, берзански посредник, и Ненси Карлсон – Пејџ, професорка по рано детско образование на Универзитетот Лесли. Дејмон има англиско, шкотско, финско и шведско потекло, и е далечен роднина на глумците Бен Афлек и Кејси Афлек. Има брат, Кајл, кој е искусен вајар и сликар. Со неговото семејство се преселиле во Њутн и живееле таму две години. Откако неговите родители се развеле, Дејмон и неговиот брат се вратиле назад во Кембриџ со нивната мајка, каде што живееле во општинска куќа со шест семејства. Дејмон израснал во близина на Бен Афлек, близок пријател уште од детството и соработник на неколку филмови, и историчарот и автор Хауард Зин, чиј биографски филм “Ју Кант Бе Неутрал он а Мувинг Трејн” (You Can’t Be Neutral on a Moving Train” и аудио верзија на книгата “Историјата на луѓето од САД” (A People’s History of the United States), Дејмон подоцна ги прикажа. Дејмон имал улога како дете, делумно затоа што мајка му го одгледала според “правилата”, што го направил да се чувствува како “не би можел да се определиш себеси, бидејќи веќе веќе си определен од неа”. Одеше во средното училиште “Кембриџ Ринџ енд Латин Скул”, каде што беше дисциплиниран ученик, но првите две години беа “ужасни” што се должи на неговата нискост во тоа време. Како адолесцент, Дејмон опиша дека чувствува таква болка што сака да припаѓа некаде а не припаѓа. Дејмон глумеше во неколку театарски изведби во средно училиште, се доверил на својот професор по драма во училиштето “Ринџ енд Латин”, Џери Спека, како на важно уметничко влијание, дури иако Дејмон се потсетува, “Секогаш изгледаше дека г-дин Спека му веруваше на Бен (Афлек) со најголемите улоги и најдолгите говори. Дејмон одеше на Универзитетот Харвард од 1988 година до 1992 година, но не дипломираше. Додека беше на Универзитетот Харвард студираше англиски и живееше во куќата “Ловел Хаус”. Учествуваше во театарот за студенти, појавувајќи се во драми како “ Брн Дис ин Винтроп Хаус” (Burn This in Winthrop House) и “А...Моето име е Алис” (во една од трите машки улоги, обично изведувани од жени). Дејмон се откажа од универзитетот за да ја продолжи својата глумечка кариера во Лос Анџелес, бидејќи тој по грешка очекуваше филмот “Џеронимо: Американска легенда” да стане голем успех. “Додека сфатив дека донесов погрешна одлука, беше премногу доцна. Живеев овде со еден куп глумци, и сите се боревме да врземе крај со крај, “ вели Дејмон. Глумечка кариера Рани години Првата филмска улога на Дејмон дојде во 1988 година, кога тој имаше осумнаесет години, со единствена линија од дијалог во романтичната комедија “Мистик Пица” (Mystic Pizza). Како студент на универзитетот Харвард, тој продолжи да настојува со глумецството и имаше мали улоги во проекти како оригиналниот филм “Рајзинг Сан” (Rising Son) на каналот Ти Ен Ти (TNT) и целосната драма од основно училиште, “Училишни вратоврски” (School Ties). Во 1992 година, тој позајми голем дел во филмот “Џеронимо: Американска легенда” со Џин Хакмен и Џејсон Патрик. Четири години подоцна, се пријави на аудиција за мала улога во акциониот филм “Кат-троут Ајланд” (Cutthroat Island), но беше одбиен. Следно, Дејмон се појави како опоен зависен војник во филмот “Храброст под оган” (Courage Under Fire) во 1996 година. Од него се браше да изгуби 18 кг од телесната тежина за 100 дена (за само два дена снимање). По следење на само-препишаната диета и фитнес режимот за да ослаби, по снимањето на филмот на Дејмон му беше кажано дека имал среќа што неговото срце не ослабело. Земаше лекови неколку години подоцна за да го оттргне стресот нанесен на неговата надбубрежна жлезда. Со филмот “Храброст под оган” тој се здоби со критики, како што весникот “Вашингтон Пост” го означи неговиот настап како “импресивен”, Дејмон изјави дека вреди да се ризикува здравјето, со цел правилно да се портретира неговиот карактер и да и покаже на индустријата колку е посветен на својата работа како глумец. Пробив Во текот на раните 90-ти години, Дејмон и Афлек напишаа сценарио за еден математички гениј, кое тие потоа го рекламираа низ Холивуд долго време. Примајќи совети од режисерот Роб Рајнер, сценаристот Вилијам Голдман, и нивниот пријател писател/режисер Кевин Смит, тие направија измени во сценариото. Сценариото на крајот доведе до филмот “Гуд Вил Хантинг” (Good Will Hunting) во 1997 година, и доби девет номинации за “Оскар”, со што Дејмон и Афлек заработија “Оскари” за најдобро оригинално сценарио. Дејмон беше номиниран и за ‘Оскар” за најдобар глумец за истиот филм, кој исто така заработи и “Оскар” за најдобра споредна улога за парнерот Робин Вилијамс. Тој и Афлек, и двајцата беа платени по 500 000 долари, а филмот заработи над 225 милиони долари во светската билетарница. Подоцна двајцата ги пародираа своите улоги од филмот во филмот “Џеј енд Сајлент Боб Страјк Бек” (Jay and Silent Bob Strike Back) во 2001 година. Исто така, во 1997 година, Дејмон беше водачот на критички прогласената драма “Д’ Рејнмејкер” (The Rainmaker) каде беше признаен како “талентиран млад глумец на работ на статус на ѕвезда”, од дневниот весник Лос Анџелес Тајмс. По средбата со Дејмон за време на снимањето на филмот “Гуд Вил Хантинг” (Good Will Hunting), режисерот Стивен Спилберг му ја додели почесната улога на Дејмон во филмот за Втората светска војна, “Спасувајќи го војникот Рајан (Saving Private Ryan), во 1998 година. Холивудска ѕвезда Дејмон стана познат по изборот на широк спектар на филмски улоги, од прикажување на анти-херојот на писателката Патриша Хајсмит, Том Рипли во “Талентираниот г-дин Рипли” (1999 година), до паднат ангел кој раговара за поп културата како интелектуално прашање со Афлек во филмот “Догма” (Dogma) од 1999 година, од сијамски близнак во филмот “Стак он Ју” (Stuck On You) од 2003 година, кој доби мешан критички прием, до ниско буџетниот експериментален филм “Џери” (Gerry) во 2002 година, кој го режираше со Кејси Афлек и Гас Ван Сент. Дејмон доби генерално позитивна критичка реакција за неговата номинација за “Златен глобус”, прикажување на Рипли, со изјава од неделното списание “Варајати” (Variety) : “Дејмон извонредно го пренесува својот лик од невин ентузијазам во студена пресметка.” Обидите на Дејмон како главен лик во романтичните драми како што е “Сите убави коњи” (All the Pretty Horses) и “Д Леџенд оф Багер Венс” (The Legend of Bagger Vance), во 2000 година, беа комерцијално и критички неуспешни. Неделното списание “Варајати” за филмот “Сите убави коњи” изјави: Дејмон едноставно не личи на млад човек кој го поминал својот живот среде прашина и измет од тексашки говеда на ранч. Ниту се забележуваат некакви искри со Пенелопе Круз.” Исто така тој сметал дека е “непријатно да се биде во центарот” во филмот “Д Леџенд оф Багер Венс” (The Legend of Bagger Vance) на Роберт Редфорд. Од 2001 година до 2007 година, Дејмон доби пошироко меѓународно признавање, како дел од две големи филмси франшизи. Тој го глумеше Лајнс Колдвел како крадецот, заедно со Џорџ Клуни, Бред Пит и Џулија Робертс во 2001 година, во римејкот на Стивен Содерберг, “Единаесетмина на Оушн”(Oceans 11), на филмот “Рат Пакс” (Rat Pack’s) од 1960 година. Тој го играше амнезискиот убиец Џејсон Борн во хит акциските трилери “Д Борн Ајдентити” (The Bourne Identity) во 2002 година, “Д Борн Супермаси” (The Bourne Supermacy) во 2004 година, и “Борн Ултиматиум” (Born Ultimatium) во 2007 година. Списанието Ентертејмент Викли (Entertainment Weekly) го стави Дејмон како “акциска ѕвезда” на својот крај од декадата, “Најдобро од” листата, велејќи: “Кога првпат потпиша да биде амнезискиот борач Џејсон Борн во 2002 година, никој не би предвидел дека Дејмон ќе стане најдобар миксер на мозоци и мускули на декадата. Го покажува она што го знаеме. Во август 2007 година, магазинот “Форбс” направи список на глумци, која ја создаде најдобрата благајна во однос на нивните плати, листата го стави Дејмон како најплатена ѕвезда од прикажаните глумци, откривајќи дека Дејмон има просечно 29 американски долари во благајната за секој долар што го заработил за последните три филма. Дејмон глумеше во измислена верзија на авторот Вилхелм Грим во авантуристичката фантазија “Браќата Грим” на режисерот Тери Гилман, кој беше остро критикуван комерцијален неуспех. Весникот “Вашингтон Пост” заклучи: “Дејмон постојано светејќи со неговите заби на портпарол и лажност, дијалект од “Мастерпис Тиатр” (Masterpiece Theatre), наликува на некој кој се изгубил кон патот за аудиција за изведба на комичната опера “Пиратите од Пензанс” (The Pirates of Penzance) во средно училиште. Подоцна истата година, се појави како енергетски аналитичар во филмот Сиријана. Во 2006 година, Дејмон му се придружи на Роберт Де Ниро во филмот “Д Гуд Шепард” (The Good Shepard) како професионален офицер на ЦИА, а глумеше мафијаш на тајна задача кој работеше за Државната полиција на Масачусетс, во филмот “Д Департед” (The Departed) на режисерот Мартин Скорсис, римејк на полицискиот трилер “Интрнал Афеарс” (Internal Affears) во Хонгконг. Оценувајќи ја неговата работа во двата филма, Манола Даргис од дневниот весник “Д Њујорк Тајмс” (The New York Times), напиша дека Дејмон “го прави она што го прават неколку ѕвезди од списокот, на негов начин: тој исчезнува.” Филмот “Д Департед” (The Departed) беше успешен меѓу критиките и публиката исто така. Дејмон имаше кратко појавување во филмот “Младинци без Младост” на режисерот Френсис Форд Копола, и друго кратко појавување во биографскиот филм “Че” за Че Гевара во 2008 година. Го позајми својот глас на анимираниот филм “Поњо он д Клиф бај д Си” (Ponyo on the Cliff by the Sea), кој беше издаден во САД во август 2009 година. Исто така се појави како гостин на последната шеста сезона на серијата “Придружба” (Entourage) во 2009 година, како тој лично, каде што се обидува да врши притисок врз Винсент Чејс (Адријан Гриниер) за донирање во неговата добротворна организација “Уан Екс Уан” (OneXOne), вистинска фондација во која Дејмон е амбасадор и станува сè повеќе иритиран кога Чејс не соработува.