"Nobody's Home" е песна на Аврил Лавињ од нејзиниот втор албум Under My Skin, која е издадена како трет сингл од истоимениот албум. Гитарата во песната ја свири Даниел Стерн, продуцент е Дон Гилмор, а напишана е од Лавињ и Бен Муди, поранешен гитарист на бендот Evanescence, тогашен добар пријател на Лавињ. "Nobody's Home" е "рок балада" со пост-гранџ звуци и побавна отколку претходните песни на Лавињ од албумот Under My Skin. Песната се наоѓа на ЦД-то Totally Hits 2005. Една од Б-страните на песната е "I Always Get What I Want", која е издадена како сингл на iTunes на 31 октомври 2004.

Гласачите на AOL Radio, ја изгласале "Nobody's Home" како седма најдобра песна на Лавињ.

Музичко видео Музичкото видео за песната е снимано на 29 и 30 јули 2004 во Лос Анџелес, Калифорнија, режирано од Дајан Мартел. Видеото за "Nobody's Home" премиерно е покажано на 20 октомври на Total Request Live на MTV.

Во музичкото видео за песната "Nobody's Home", Лавињ игра улога на бездомна тинејџерка која се појавува низ улиците со пријател. Лавињ која кажала дека било забавно додека го снимала видеото морала да облече црна перика и стари фармерки за да изгледа како бездомничка. Исто така се појавуваат и снимки од убавата Лавињ која носи долг фустан, има виткана коса и пее со оркестар зад неа.

"Nobody's Home" ја покажува Лавињ која глуми девојка која сака да се оттргне од улиците. Таа исто така пробува да ѝ се јави на својата мајка, но ќе го исклучи мобилниот. Потоа девојката се мие во тоалетот во некоја продавница. Таа исто така пробува да свири на гитара за да спечали пари од минувачите. Кон крајот на видеото девојката пробува да влезе во паркирани коли и наоѓа отклучена кола, па се крие во неа за да се заштити од дождот. На крајот од видеото е прикажана девојката со валкани алишта и разбушавена коса како ќе изрони една солза. Таа потоа продолжува да оди и видеото завршува.

Знаци во видеото На почетокот на видеото, може да се види знакот "A+D", за тогашното момче на Лавињ, а сега поранешен сопруг, Дерик Вабли. Потоа, во сцената во тоалетот каде Лавињ го користи фенот, знакот "A+D" може да се види во срце кое е напишано на ѕидот на тоалетот. Во видеото се појавува и пријателката на Лавињ, Моник, која се има појавено и во музичкото видео за "My Happy Ending" како една од младите жени.

Список на песни

Германија и Тајван "Nobody's Home" (Албум верзија) "Nobody's Home" (Акустична верзија во живо) "Knockin' on Heaven's Door" "I Always Get What I Want" "Nobody's Home" (Музичко видео)

ОК ЦД сингл #1 "Nobody's Home" (Албум верзија) "Nobody's Home" (Акустична верзија во живо)

ОК ЦД сингл #2 "Nobody's Home" (Албум верзија) "Nobody's Home" (Акустична верзија во живо) "Knockin' on Heaven's Door" "Nobody's Home" (Видео)

Австралиско ЦД "Nobody's Home" (Албум верзија) "Nobody's Home" (Акустична верзија во живо) "Knockin' on Heaven's Door" "I Always Get What I Want"

Јапонско ЦД (4988017628102; Издадено:4 ноември 2004) "Nobody's Home" (Албум верзија) "My Happy Ending" (Акустична верзија во живо) "Take Me Away" (Акустична верзија во живо) "Nobody's Home" (Музичко видео)

САД промо ЦД "Nobody's Home" (Албум верзија) Instrumental excerpt of "Nobody's Home" Suggested callout hook of "Nobody's Home"

Европско промо ЦД "Nobody's Home" (Албум верзија)

Табели "Nobody's Home" се искачила на пониски места во повеќето од државите отколку претходните синглови на Лавињ, но сепак успеала добро да се пласира. Песната била многу блиску да се искачи во топ 40 на Билборд Хот 100, но се искачила на #41. Песната подобро се искачила во Обединетото Кралство и Австралија, искачувајќи се на #24 во двете држави со што станала втора песна која најслабо се искачила во Обединетото Кралство (песната која се искачила на најниско место во Обединетото Кралство била "Hot" во 2007 и се искачила на #30). Се искачила на #4 на канадската BDS Airplay табела и на #1 во Мексико.

Награди ГодинаЦеремонијаНаградаРезултат2005Juno AwardsИзбор на обожавателите Socan AwardsНајдобра Поп песна

Наводи

Надворешни врски "Nobody's Home" - музичко видео

Категорија:Песни на Аврил Лавињ Категорија:Синглови од 2004

lt:Under My Skin#Nobody's Home