„What's My Name?“ е песна на барбадоската пејачка Ријана, дел од нејзиниот петти студиски албум Loud (2010). Вклучувајќи „гостин“ вокали од канадскиот рапер Дрејк, песната беше издадена како втор сингл од Loud на 29 октомври 2010 преку Def Jam Recordings (Universal Music). Со типичен Р&Б призвук песната е продуцирана од норвешкото дуо Старгејт и напишана заедно со Истер Дин, Трејси Хејл и Дрејк. „What's My Name?“ за првпат беше промовирана преку американските радија на 26 октомври 2010.
Според музичките критики оваа песна претставува вокано најдобрата која Ријана ја имала до денеска, поради нејзината романтична природа како и сексуалните тоново. Негативни критики единствено дојдоа за текстот на Дрејк, кој вклучува сексуална споредба на корен од сексуалната позиција 69. Песната претставуваше комерцијален успех, со тоа што се искачи на врвот на американскиот Billboard Hot 100, давајќи и го на Ријана нејзиниот трет број 1 сингл за 2010 (од четири), како и нејзиниот осми од девет песни во нејзината кариера. Песната исто така е и првиот број 1 сингл за Дрејк. Песната исто така беше популарна и во Франција, Ирска, Нов Зеланд, Норвешка, Шкотска и Велика Британија.
Музичкото видео за песната, кое е дел на режисерот Филип Анделмен, вклучува романтична приказна меѓу Ријана и Дрејк во една продавница заедно со романтични сцени и Ријана одејќи низ Менхетн, Њујорк. „What's My Name?“ исто така беше промовирана и со живи изведби во двете страни на Атлантикот, вклучувајќи ги Saturday Night LiveSadao (2010-10-15) Rihanna Teams Up With Drake For New Single, What's My Name, ryanseacrest.com, retrieved 2010-10-23. во Америка и седмата сезона на популарното музичко шоу X-Factor во Велика Британија.
Табели и награди
Табели Табела (2010)НајвисокоместоАвстралија18Австрија13Белгија (Фландрија)28Белгија (Валонија) 40Американски Bilboard Hot 1001Чешка Република36Данска19Европа ТОП 1001Франција16Германија12Унгарија1Република Ирска1Италија8Норвешка4Канада5Холандија20Нов Зеланд3Шкотска1Словачка3Шпанија47Шведска20Швајцарија13Велика Британија1Американски Billboard Dance Chart6Американски Billboard Pop Songs4Американски Adult Pop Songs32
Сертификати ДржаваСертификат АвстралијаПлатина Нов Зеланд Златен дискШвајцаријаЗлатен диск САД2× Платина
Историја на издавање
Држава Датум Формат Издавачка куќа САД 26 октомври 2010 Радио Def Jam Recordings Австралија 29 октомври 2010 Дигитално подигнување Universal Music Бразил Франција Нов Зеланд Шпанија Канада 1 ноември 2010 САД Def Jam Recordings САД 23 декември 2010 Ремикси ЕП Велика Британија 13 декември 2010 Дигитално подигнување Mercury Records Германија 21 јануари 2011 ЦД сингл Universal Music
Наводи
Надворешни врски Официјалното музичко видео на Youtube
Категорија:Песни на Ријана