Единаковци (се сретнува и како Единаково) — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба
Единаковци се наоѓа во источниот дел на Општина Демир Хисар потегот на излезниот дел на Црна Река во Пелагонија. Селото е рамничарско на надморска височина од 670 метри. Од Демир Хисар селото е оддалечено 7 километри.
Историја Името на селото потекнува од зборот „единак“, што значи чешел за лен.
Подрачјето на Единаковци е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото. Селската црква „Св. Никола“ е од 1884 година.
Во XIX век селото било дел од Битолската Каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство Селото има поледелско-сточарски карактер. Во Единаковци има и млин за мелење пченично брашно „Жито Брест“ со 15 вработени лица. Во селото има две колонијални продавници. Населението се занимава со одгледување на тутун, градинарство (пипер), одгледување на овци (200) и крави (100), живина и сл. Секоја куќа има трактор, значи над 100 трактори, 1 комбајн, неколку камиони, а има и косачки, балерачи и др.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Единаковци живееле 300 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Единаковци имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Единаковци се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 66 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во Единаковци живеат 338 жители, сите се Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 228 жители, од кои 223 Македонци, 1 Албанец и 4 лица без податоци.
Родови
Единаковци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Доселеници: Котевци и Лутовци (15 к.) доселени се од раселеното село Љутоица кое постоело кај селото Вардино. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 100 г. во 1952 година) Никола-Коте-Вељан, кој се доселил; Главевци (30 к.) се делат на Мирчевци, Цветановци, Милошовци и Трпчевци. доселени се од некое место во Прмет во Албанија. Го знаат следното родословие: Спиро (жив на 80 год, во 1952 година) Ристе-Лозан-Кочо, предокот кој се доселил; Барбовци или Стојановци (1 к.) стари деленици од Главевци; Божиновци и Јанковци (5 к.) доселени се од Шумадија во Србија; Ортаковци или Сиљановци (5 к.) доселени се од селото Вардино; Темелковци со Нешковци (8 к.) доселени се од селото Бирино; Јанкуловци или Анчевци (4 к.) доселени се од некое место кај Пелистер (Баба), Битолско; Паспаловци (1 к.), Радевци (1 к.), Шеклевци (1 к.), Домазетовци (1 к.) и Алексовци (2 к.) доселени се однекаде.
Општествени установи
Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Единаковци, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 625 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Никола“ од 1884 г.
Археолошки наоѓалишта Во Селото — населба од доцната антика Стевано Лозје — некропола од доцната антика Црквиште — црква и некропола од старохристијанско време
Личности Коте Мицев Котевски — македонски револуционер од ВМОРО. Ѓоре Кочовски — македонски револуционер од ВМОРО. Цветан Николов Мирчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Павле Колев Ортаковски — македонски револуционер од ВМОРО. Атанас Анчевски — македонски партизан
Иселеништво Постари иселеници од селото до 1952 година имало во Битола (2 семејства), Скопје (1 семејство), Романија (1 семејство) и во Србија (1 семејство),
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар