Ијан Расел Мекјуан (; р. 21 јуни 1948) е англиски романописец и сценарист. Мекјуан се смета за еден од најценетите британски писатели. Во 2008 година, списанието Тајмс го вклучи Мекјуан во нивната список на најдобри 50 писатели Британци по 1945-та.

Првите книги на Мекјуан се збирки раскази, „Прва љубов, последни обреди“ (1975) и „Помеѓу чаршафи“ (1978). „Бетонска градина“ (1978) и „Утеха на странците“ (1981) се првите негови романи, а по нив следуваат уште три исто успешни во 1980-те и раните 1990-ти: „Дете во времето“ (1987), „Невиниот“ (1990) и „Црни кучиња“ (1992).

Во 1997, Мекјуан ја објави „Истрајна љубов“ (Enduring Love), којашто доби и филмска верзија. Ја доби Букеровата награда за романот „Амстердам“ (Amsterdam) (1998). Во 2001 ја објави „Искупување“ (Atonement), кој исто така беше преработен во филм оскаровец, а потоа следеа и „Сабота“ (Saturday) (2003) и „На плажата Чезил“ (On Chesil Beach) (2007), Solar (2010), Sweet Tooth (2012), The Children Act (2014) и Nutshell (2016).

Надворешни врски Портал на Ијан Мекјуан Блог на Ијан Мејуан Guardian Books Ијан Мекјуан — статија на „Enotes“

Категорија:Англиски писатели Категорија:Англиски хуманисти Категорија:Англиски атеисти Категорија:Добитници на Букеровата награда Категорија:Англичани од шкотско потекло Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Заповедници на Редот на Британската Империја Категорија:Членови на Кралското книжевно друштво Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките