Знамето на Антигва и Барбуда е официјалното знаме во државата кое било усвоено на 27 февруари 1967 година. Знамето било создадено од Реџиналд Самуел, кој бил наставник по ликовно во едно од средните училишта во државата. Знамето било усвоено по стекнувањето на независноста.
Историја До стекнувањето на независноста Антигва и Барбуда користеле колонијално знаме. Во 1966 година се отворил национален конкурс за национално знаме. На конкурсот биле поднесени 600 идејни решенија, но решението на г. Самуел било избрано за најсоодветно. Тој го поднел својот дизајн при крај на конкурсот.
Дизајн и симболика Знамето е составено од два триаголника поставено од лево и десно со допир во долниот дел. Помеѓу нив се наоѓаат три ленти во црна, сина и бела боја. На црната лента има приказ на златно сонце со 9 краци. Сонцето ја симболизира новата ера во историјата на Антигва и Барбуда, црната боја го означува африканското потекло на народот, сината боја ја симболизира надеж и црвената ја симболизира енергијата на народот. Исто така, боите се протолкуваат така што жолтата, сината и белата симболизираат сонце, море и песок.
Други знамиња
Наводи
Поврзано Антигва и Барбуда Грб на Антигва и Барбуда
Надворешни врски
Категорија:Национални симболи на Антигва и Барбуда Антигва и Барбуда