Битката кај Понца е поморска битка која се одвила во 1552 година кај италијанскиот остров Понца. Битката се водела помеѓу Османлиското Царство предводена од Тургут Рејс и Република Џенова предводена од Андреа Дорија од друга страна.The Mediterranean and the Mediterranean world in the age of Philip II by Fernand Braudel p.924
Османлиската флота се состоела од околу 100 галии кои биле испратени од западното Средоземје во времето кога Анри II влегол во конфликт со Карло V во т.н. Италијанска војна (1551-1559)European warfare, 1494-1660 by Jeremy Black p.177. Османликсата флота била придружувана од три француски галии, на чие чело бил францвускиот амбасадор Габриел де АрамонThe History of England Sharon Turner, p.311 . По битката сојузничката флота влегла во Мајорка на 13 август 1552 година. Оваа победа и дала можност на империјата да создаде база преку која ќе може да ги нападне Сицилија, Сардинија и крајбрежните региони на ИталијаPiracy: The Complete History by Angus Konstam p.87.
По битката, османлиската флота се упатила кон Хиос, каде се приклучила на француската флота, подготвувајќи се за идните поморски операции кои биле предвидени за следната година, вклучувајќи ја и онаа на Корзика.
Наводи
Категорија:Поморски битки на Отоманското Царство Категорија:Битки во Османлиско-хабсбуршките војни Категорија:Судири во 1552 година Категорија:Европа во 1552 година Категорија:Битки во Италијанските војни Категорија:Отоманското Царство во 16 век