Историјата на административните поделби на Македонија е мошне сложена. Она што се нарекувало Македонија имало различна големина и било различно политички организирано. Од различни причини, границите и имињата на политичките поделби биле менувани, некогаш следејќи ја топографијата на теренот, некогаш за да се ослабнат претходните административни и државни структури, некогаш да се остварат идеолошките и филозофските идеали за управување, но најчество од причини на воено управување со територијата. Не постојат многу исцрпни и веродостојни историски записи за административните поделби на Македонија во дамнешните времиња, така што подолу опишаните административни едници се приближно опишани. По осамостојувањето на Македонија од Југославија, се прават низа на промени во границите на административните единици (општини) со цел да се задржи унитарниот карактер на државата наспрема тенденцијата на одредени политички центри за нејзина административна дезинтеграција на региони кои би го имале етничкиот предзнак.
Античка Македонија Кралство Македонија
Природните граници на Античка Македонија биле најчесто по високите планински венци и поголемите речни долини. На југ планината Олимп, Камбурските планини и реката Пенеј. На југозапад планината Пинд, на запад планините од шарпланинскиот масив а на север планината Јакупица, реката Пчиња, Осоговските планини до планината Рила и на исток до источните падини на Пирин Планина и реката Места.
Античките автори разликувале Горна и Долна Македонија.
Долна Македонија ги опфаќала јужните претежно рамничарски предели со престолнина во Ајга а подоцна во Пела, со следниве области:Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Антемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Еднида, а во политичка смисла и Еордаја Историја на Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004.
Горна Македонија ги опфаќала претежно планинските предели: [: Тимфаја, Параваја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика .
Кралот Филип II направил реформа со цел да ги приспособи институциите на царството во согласност со големата експанзија за време на неговото владеење, кога македонската држава се простирала на запад до Јонското Море на исток до Црното Море, на север границата во главно останала непроменета, на југ до грчките области Етолија и Фокида. Биле формирани четири региони, од кои секој со свое собрание. Оваа поделба не следела некоја историска поделба, туку едноставно се работело за административна поделба на царството.Наде Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004
Македонска империја
400п|мини|десно|Поделба на Македонија околу 290 гпне
Александар Македонски проширувајќи ги границите на Кралството Македонија го покорил персиското царство а границите ги проширил далеку на исток до реката Инд на југ северниот дел на Африка, со што ја создал Македонската империја. На новосвоените територии на исток, Александар ја обновил сатрапската администрација и титулата сатрап карактеристична за Персиската империја и нејзините претходнички.
По смртта на Александар, империјата некое време била одржувана, но со дијадошките војни започнала нејзината дезинтеграцијата која завршила некаде во почетокот на 3. век пред нашата ера со поделба на неколку држави владеани од посебни македонски династии:
Птоломејската династија владеела со Египет. Селевкидската династија владеела со Сирија, Вавилонија, Мала Азија и поголемиот дел од поранешните персиски територии. Антигонидската династија владеела во Европскиот дел на Македонската империја.
Римска Македонија
thumb|250px|Македонија, како провинција во рамките на Римското Царство, околу 120 г.
После македонско-римските војни, водени од 215 до 168 година пред нашата ера водени со Римската Република, Македонија била поделена на четири мериди/региони:
Прва македонска мерида со главен град Амфипол; Втора македонска мерида со главен град Тесалоника, автономна административно-политичка и економска област. Меридата на исток граничи со Стримон, без Хераклеја Синтика и Бисалтија, додека на запад се протега до р. Аксиј, вклучувајќи ги и Пајонците, кои живеат источно од Аксиј; Трета македонска мерида со главен град Пела, Четврта македонска мерида со главен град Пелагонија.
Подоцна Македонија станала провинција во рамките на Римското Царство, составена од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија. При првата поделба во III и IV век, провинцијата била поделена на: Македонија Прима на југ со седиште во Тесалоника и Македонија Салутарис на север со седиште во Стоби. При втората поделба, во средината на V век, биле формирани Македонија Прима со седиште во Тесалоника и Македонија Секунда со седиште во Стоби.
Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикската префектура создадена во 318 година, кога Илирикската префектура била поделена на Источен и Западен Илирик во 379 година, Македонските провинции станале дел од Источен Илирик.
Македонија, по распадот на Римското Царство и негова поделба на Западно и Источно царство во 395 година, станала дел од Византија.
Византиска Македонија
thumb|right|250px|Македонија, поделба на Византија на теми, 1045 година.
Во времето на византиската власт во Македонија постоеле воено-административни области наречени теми: Солун, Стримон, Нов Стримон, Драгувитија и Верија. Византија ги менува етногеографските имиња на областите и ги заменува со соседни за нив именувајќи го населението според името на темата, со тенденција населението да го асимилира во Ромеи (Византијци).
Во почетокот на XI век Византија териториите на најголемиот дел од Македонија, цела Србија, Војводина до Срем, делови од Албанија и Црна Гора ги сместува во новофомирана Тема Бугарија, додека етногеографската територија на Бугарија ја сместува во Тема Паристрион, уште наречена Мизија или Загоре. Географската област Тракија византијците ја инкорпорираат во Тема Македонија, а пак областа околу Цариград во Тема Тракија.
Темата Бугарија се состоела од комитати: Брегалнички, Деволски, Кутмичевица и др.
Јужниот дел на Македонија, бил поместен во Темата Солун.
Во времето на Самуила Македонија била поделена на повеќе помали или поголеми воено-административни области: Струмичка, Мегленска, Воденска, Колидрон, Сервија и др. Мошне значајни промени во статусот на македонските територии се случиле во втората половина од 10. в., кога синовите на комитот Никола, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, како поранешни претставници на бугарскиот воено-административен апарат, формирале посебна и наполно независна државна формација, што е позната како Самуилово Царство (прва претстолнина Преспа, потоа Охрид). Јадрото на новата држава во голем дел се совпаѓало со териториите од поранешниот Деволски комитат. Кон пространите матични македонски територии, без Солун, Самуил (976-1014), со освојувања, кон својата држава ги вклучил следниве територии: Tесалија, Епир, Албанија, Дукља, Далмација, Босна, Рашка и поголем дел од денешната Бугарија. Tериторијата на Македонија и пошироко веројатно била поделена на повеќе помали или поголеми воено-административни области, а секоја од нив за свој центар имала некој поголем и добро утврден град. На чело на секоја област се наоѓал управник (најчесто во византиските извори именуван како архонт), под чија непосредна власт се наоѓале и околните тврдини.
По 1018 г., кога било уништено Самуиловото Царство, Македонија била одново вклучена во византискиот тематски воено-административен систем. Од крајот на IX до XIII в., познати се следниве теми: Солунска, Струмичка, Берска, Костурска, Мегленска, Пелагониска, Охридска, Вардарска, Скопска и др. Во периодот кога во Византија владеела династијата на Палеолозите, најраспространета административна единица е катепанатот.
Од втората пол. на XIII в. познати се следниве катепанати: Каламарија, Ермилија, Јерис, Касандрија, Апрос, Стримон, Рендина, Стефанијана, Завалтија, Пополија, Зихна, Сер, Лангада, Вардар, Христопол, Валавиште и веројатно Меглен, Мелник, Верија, Сланица, Анаклусирон и Пелагонија.
Како дел од централизираната Душанова држава, Македонија била разделена на повеќе области, а од нив некои биле именувани како жупи. По смртта на Душан биле формирани неколку независни феудални области со висок суверенитет.
Османлиско Царство
thumb|250px|Македонија, поделба на Отоманското Царство на вилаети (XIII-IX век).
Административната поделба на Османлиското Царство била устроена според принципите на воено администрирање. Административната поделба на империјата не ги опфаќала териториите на вазалните држави. Вилаетот (на турски vilâyet) била најголема административна територијална единица. На чело на вилаетот стоел валија. Вилаетите со текот на времето ги менувале своте граници. На почетокот имало два големи вилаети: Румелискиот и Анадолскиот. Подоцна за времето на Сулејман I (1529 - 1566) имало 6 вилаети. Најголем број на вилаети имало 1600 година - 53. Подоцна бројот на вилаетите се намалува, за да од 1867 година се сведе на 28 вилаети, кога и е извршена поделба помеѓу воената и цивилната управа, при што валијата ги задржува раководните функции во граѓанскиот сектор. Основна административна единица била Санџакот, како составен дел на Вилаетот. На чело на Санџакот бил турски бег. Секој Санџак се делел на кази (окрузи) и нахии (општини).
Во текот на XV и XVI век речиси целата територија на Македонија припаѓала во таканаречениот Румелиски Пашалак/беглербеглук, чиј административен центар бил во Софија. Солунскиот, Охридскиот, Скопскиот, Одринскиот и Ќустендилскиот Санџак биле санџаци во рамките на Румелискиот Вилает во чии граници се простирала територијата на Македонија.
Со административната реформа во Османлиското Царство од 1834 г. територијата на Македонија влегла во рамките на три пашалаци: Румелиски, Скопски и Солунски Пашалак.
Румелискиот Пашалак во најголем дел од времето (1838, 1846, 1859/60) се состоел од: Битолскиот, Костурскиот, Охридскиот и Скадарскиот санџак.
Во Скопскиот пашалак (1846; 1853) влегувале: Скопскиот, Приштинскиот и Призренскиот Санџак.
Солунскиот Пашалак (1846; 1853) бил составен од: Солунскиот, Серскиот, Драмскиот и Трикалскиот санџак.
Во согласност со Законот за административна поделба на Османлиското Царство (1864), во 1867 г. бил формиран Солунскиот вилает со седиште во Солун, во чиј состав влегувале санџаците: Битолски, Скопски, Солунски, Серски и Драмски.
Во 1873 г. со одвојување на еден дел од територијата на Солунскиот вилает бил формиран Битолскиот Вилает со центар во Битола. Во неговиот состав влегувале: Битолскиот, Призренскиот, Скадарскиот, Скопскиот и Дебарскиот Санџак. Tретиот вилает што ја опфаќал територија на Македонија бил Косовскиот Вилает, формиран во 1877 г. со одземање територии од Битолскиот Вилает, со центар во Приштина, а од 1888 г. во Скопје. Во него влегувале санџаците: Скопје, Приштина, Нови Пазар, Tашлиџа (Плевле) и Пеќ.
Ќустендилскиот Санџак е еден од најголемите санџаци во Румелискиот Вилает, во себе вклучувал 14 кази: Ќустендилска, Радомирска, Дупничка, Петричка, Мелничка, Дојранска, Тиквешка, Велешка, Струмичка, Радовишка, Штипска, Кратовска, Врањанска и Кривопаланечка.
Во Охридскиот Санџак, влегол поголем дел од Западна Македонија.
Скопскиот Санџак бил формиран исклучително од македонска територија.
Солунскиот Санџак ги опфатил териториите на Јужна Македонија. Лерин се споменува како посебен санџак.
Во таканаречениот Паша-санџак влегувале нахиите Тетово, Кичево, Велес, Прилеп, Битола, Ениџе-Вардар, Воден, Бер, Серфиџе, Хрупиште, Костур, Биглиште, Драма, Сер, Зихна, Неврокоп, Демир Хисар и Сидерокапса.
Вардарска Македонија
мини|Административна поделба на Вардарскиот дел на Македонија, во рамки на Кралството Србија, 1914 година. мини|Документ од тетовскиот округ со наредба до околиските началници. Документот е од 22 јануари 1916 година, кога Тетовскиот Округ се наоѓа под Царство Бугарија.