Натпреварите во боб двосед во машка конкуренција на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 20 и 21 февруари на патеката во Вислер2010 Winter Olympics bobsleigh schedule. - accessed 5 November 2009..

На 20 февруари, со почеток во 17:00 по месно време (UTC-8) се одржа првата трка, а во 19:30 втората. Следниот ден, со почеток во 13:00 се одржа третата, а четвртата се одржа со почеток во 15:45.

Златниот медал го освоија Андре Ланге и Кевин Куске од Германија. Со ова злато, Андре Ланге стана првиот натпреварувач со 4 златни медали во овој спорт.

Освојувачи на медали ЗлатоСреброБронза Андре Ланге Кевин Куске Томас Флоршиц Ричард Аџеј Александар Зубков Алексеј Воевода Наводи

Надворешни врски Боб на официјалното мрежно место на игрите