Видолушта, Видолуш или Видулуш (наречено и Виделушта или Виделуш; , Дамаскинија; до 1927 г. Βιντελούστι, Виделусти или Βεδυλούστι, Ведилусти) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 77 жители (2021), сочинето од погрчени Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, југозападно од градот Рупишта и северозападно од Лапчишта, во источните падини на планината Одре, на надморска височина од 990 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Видолушта било македонско село во Населичката Каза. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Видолуш имало 405 жители, сите Македонци. Според К'нчов, машкото население добро зборело грчки јазик, поради што неколку автори погрешно го воделе селото како „грчко“.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Видолиште имало 368 Македонци под врховенство на патријаршијата.
На почетокот на XX век во Видолушта имало комитет на ВМОРО. Во 1904 г. андартскиот капетан Георгиос Цондос убил три негови членови.
Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Видолуште во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката Каза.
На етничката карта на Костурското братство е обележано дека во 1912 г. Виделуш било „грчко“ село.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 642 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 573.
Во 1927 г. името на селото било променето во Дамаскинија (Δαμασκηνιά).
Стопанство Населението одгледува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.
Население
Самоуправа и политика мини|250x250пкс|Поранешната селска управа Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 14 квадратни километри. Општината Видолушта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Видолушта, во кој е единствено село.
Општествени установи
Полициска станица
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1885 г. Црква „Св. Илија“ — изградена во 1964 г. Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во 1981 г.
Личности Починати во Видолушта
Христо Насков (? - 1944) — македонски револуционер, раководител на паравоената организација „Охрана“ во Костурско
Поврзано Витолиште — сроден топоним во Мариово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Горуша (општина)