Извор (, Анавра; до 1926 г. Ίσβορο, ИсвороΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ίσβορο -- Ανάβρα) — поранешно село во Мегленско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање непосредно пред Балканските војни, било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото било сместнео во северниот дел на областа Маглен, во јужното подножје на плнината Пиново. Лежело западно од Фуштани и северозападно од Кожушани.
Историја Во Отоманското Царство Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Извор живееле 70 Македонци-христијани.
Целото христијанско население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Извор (Izvor) имало 88 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102 – 103.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото било окупирано од грчка војска и неговото население се иселило во Бугарија. Во 1913 г. е заведено како напуштено и понатаму не е обновено Во 1926 г. празното село е преименувано во Анавра. Во 1928 г. е отпишано, и неговиот атар е припоен кон соседното Фуштани.Φούστανη.
Поврзано Меглен
Наводи
Категорија:Историски села во Меглен