Караќој или Манастир — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци.
Географија Селото се наоѓа меѓу планините Славјанка од север и Црна Гора од југ во историско-географската област Мрвачко. Оддалечено е 16 км Зрново.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Караќој било големо чисто македонско село во Неврокопската Каза на Серскиот Санџак. Старото име на селото е Манастир, Голем Манастир или Манастириште. Ова име се среќава во турски документи од XVII и XVIII век.
До опаѓањето на железната индустрија во Мрвачко на крајот од XIX век селото било едно од најразвиените рударски населби во областа и најголем добавувач на руда (магнетитен песок). Голем дел од селото се занимавал исклучиво со промивање на магнетитен песок. Плавењето (промивањето) на рудата се одвивало главно во пролет, есен и зима, кога имало повеќе вода во промивниците. наречени задми. Задмите биле по течението на Караќојска Река. Во селото имало 8 самокови и 4–5 печки. Караќој било и познато ковачко село, и во речиси секоја куќа имало железарска работилница. Селото се специјализирало во изработката на клинци за потковици и заедно со соседното Ловча го снабдувале целиот Солунски вилает.
По замирањето на железарството во средината на XIX век жителите на Караќој оделе на југ на Света Гора и околните планини како јагленари, но преку зимата се враќале во селото.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Манастирџик Караќој (Monastirdjik karakeuī) било село со 190 домаќинства на 650 жители Македонци. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Кара Ќој (Монастирџик) како село со 190 македонски куќи.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 1.400 жители, сите Македонци христијани.
На почетокот на XX век целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Караќој имало 2.000 Македонци егзархисти. Работело бугарско основно училиште со 2 учители и 75 ученици.
Во извештај до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. селото е опишано вака:
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.153 жители.
По Првата светска војна голем дел од населението се иселил во Пиринска Македонија — во Неврокоп и околината, Бања, Разлошко, како и во Кричим и др. места. На нивно место се доведени 30–40 грчки колонисти од Мала Азија. Од 1915 до 1924 г. кмет на селото бил Никола Бакаров.Потомъкът на бежанци от Егейска Македония, дупничанинът Й. Пляков
Македонското население што останало во селото е подложено на терор и летото 1924 г. се случил таканаречениот Караќојски инцидент.
По инцидентот 1.168 селани пребегале во Бугарија и во селото останале само десетина македонски семејства. На нивно место власта довела грчки колонисти.
Во 1928 г. Караќој е заведен како мешано мештанско-дојденско село со 476 жители, од кои 408 лица (124 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.
Селото силно настрадало и во Граѓанската војна (1946-1949), а от 1960-тите започнало иселување во големите градови.
Населението произведува тутун, компири, жито и други земјоделски производи, а се занимава и со сточарстви.
+ Месности во Караќој преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Хасаница Χασάνιτσα Ксирорема Ξυρόρρεμα река ЈЗ од Караќој, десна притока на Белица Филакион Пресеки Φυλάκιον Πρεσέκι Филакион Агијас Параскевис Φυλάκειον ῾Αγίας Παρασκευῆς Друхала Ντρόχαλα Петрес Πέτρες Рамнака Ραμνάκα Исома Ἴσωμα ниви С од Караќој Звелица или Свелица Σβέλιτσα Панорама Πανόραμα врв (1.337 м) СЗ од Караќој Кајнар Καϊνάρ Пиги Πηγή месност СИ од Караќој и С од Трлис и горното течение на Трлиска Река Кара Каја Καρὰ Καγιὰ Маврос Врахос Μαῦρος Βράχος Мањаско Μανιάσκο Тригоно Τρίγωνον Пресеки Дјавасис Агијас Параскевис Тригоно Διάβασις Αγίας Παρασκευῆς врв (1.202 м) ЈЗ од Караќој
Културни и природни знаменитости Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Население
Личности Георги Димитров — зограф Георги Ковачев (1896 – 1923) — политичар во Бугарија Георги Минев (? – 1942) — духовник Димитар Јосифов — копаничар Димитар Илиев — копаничар Димитар Неделчев — зограф Иван Андонов Левенов (1870 – по 1943) — револуционер Илия Атанасов Гомов (1879 - 1931) — револуционер и просветен деец Илија Јосифов (1878 – 1942) — копаничар и градител Јосиф Јосифов (1840 – 1910) — револуционер и копаничар Костадин Иванов Левенов (1912 – 1944) — комунистички деец, секретар на ГК на БКП РазлогСписък на убити партизани Мина Марков — зограф Никола Икономов — адвокат, во 1907 г. стапил во новоотвореното Правничко училиште во Солун Петар Манолев (1915 – 2013) — пилот во Бугарија, полковник со многу успеси, витез на воениот орден „За храброст“. Серги Георгиев (1820 - 1890) — зограф Сотир Илиев Сораџиев (1921 – ?) — комунистички деец и борец Стефан Караџов (1869 – ?) — завршил филологија во Јена
Наводи
Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)