Љубетино (, Педино; до 1926 г. Λιουμπέτινο, ЉубетиноΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιουμπέτινον -- Πεδινόν) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 387 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа недалеку од патот од Суровичево за Костур на дваесетина километри југоисточно од Лерин. Според записите на Ѓорче Петров селото Љубетино се наоѓа приближно на југ од Лерин на 4 часа растојание, расположено на едно рамно место на јужната страна на истата падина на којашто е Ајтос. Тоа граничи со езерата Врапчанско и Зазерско на југ, со Горно Врбени и патот за Кајлари на југоисток и исток, со Ајтос, Невеска и Зелениче на запад.
Историја Селото Љубетино се среќава во турските пописни дефтери од век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото запишано како Л’бот’н е запишано дека вкупно имало 45 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 61 товар, јачмен и друго до 54 товари, бостан, обработувале лозја и чувлае свињи за што селото остварувало свкупен приход од 9266 акчиња. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година селото Љубетино имало 55 куќи со 260 жители Македонци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Љубетино се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.
Стопанство Селото иако лежи во поле, не е богато, а главни производи се жито, детелина и тутун. Населението делумно се занимава и со овоштарство и сточарство.
Население
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Личности Алексо Лепишков (? – 1905) — револуционер, селски војвода од ВМРО Васил Липитков (1862 – 1928) — револуционер, војвода од ВМРО Доне Липитков (1875 – 1905) — револуционер, војвода од ВМРО
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Суровичево