thumb|right|200px|Бајраци со службените грбови на тројцата денешни грбовни кралеви во Англија. На ѕидот се гледаат обележјата на грбовниот крал Норој и Алстер, грбовниот крал Кларансо и Главниот грбовен крал на Подвеската.

Грбовен крал (или хералдички крал) — грбовен службеник со виш чин. Во многу хералдички традиции, само хералдичкиот крал има право да доделува грбови и ознаки. Кај други традиции пак, ова право го имаат други службеници од сличен ранг.

Хералдички должности Во Англија, пред да се додели еден грб истиот треба најпрвин да биде формално одобрен од Ерлот Маршал во облик на повластица. Функцијата на Ерлот Маршал е формална. На чело на Колегијатот на грбови стои Главниот грбовен крал на Подвеската кој воедно е и највисокиот грбовен службеник во Англија. Во земји како Република Ирска ова право го има главен хералд кој јаима истата улога како традиционалниот крал. Канада исто така има главен хералд, но тој доделува грбови во име на генералниот гувернер како претставник на Кралицата. Во Шпанија, авторитетот го има функцијата крониста (Летописец на грбови).

Англиските и шкотските грбовни кралеви се единствените службеници кои имаат посебна службена круна, која се носи на свечености како крунисување и сл. Ликовно претставени, овие круни се прикажани само со дел од листовите и зборовите на нив.

Грбовни кралеви и хералдички органи thumb|right|220px|Томас Вудкок — грбовен крал на Подвеската (2010-2016) Англиски грбовни кралеви Главен грбовен крал на Подвеската Грбовен крал Кларансо Грбовен крал Норој и Алстер

Шкотски грбовни кралеви Лорд Лајон

Главни и државни хералди Главен хералд на Канада Главен хералд на Ирска Национален хералд (порано Државен хералд) на ЈАР Државен хералд (Statsheraldiker) на Шведска, кој е главен на огранок на Националните архиви на Шведска

Шпански кронисти Крониста - Главен кралски хроничар на грбови

Поврзано Колегијат на грбови Суд на Лордот Лајон Дејвид Селар Канадски хералдички управен орган Хералдички управен орган

Обележја на хералдичките кралеви

Надворешни врски Суд на Лордот Лајон Колегијат на грбови Канадски хералдички орган Главен хералд на Ирска

Категорија:Хералдика Категорија:Функции Крал