Отворање — поим што во шахот има две основни значења: фаза во играта и низа од потези. Шахистите се сложуваат со оваа поделба, но во многу книги и статии овие два поими се поистоветуваат и се создава едно пошироко значење на поимот.

Најраната фаза во развојот на партијата е позната како отворање. Во првите неколку потези, шахистите имаат за цел да ги преместат своите фигури од почетните позиции на некои полиња на кои би биле покорисни.

Шаховско отворање е група на почетни потези во шаховската игра. Познатите почетни потези се познати како отворања, доколку настануваат со потези на белиот или „одбрани“, доколку настануваат како одговор на црниот. Во шаховската теорија постојат голем број на различни отворања и стотици варијанти и линии во секое отворање одделно. Во книгата The Oxford Companion to Chess се наведени 1327 именувани отворања и варијанти. Меѓу нив има отворања кои се одликуваат со тивка положбена игра (на пример Ретиевото отворање, линии како оние во Одбиениот дамин гамбит), па сè до диви тактички варијанти (на пример Латвискиот гамбит и Одбраната со два коња, каде особено е карактеристична Тракслеровата варијанта).

Низата од потези кои се сметаат за стандарди во почетокот на партијата се наречени „теоретски потези“ или поедноставно „теорија“. Овие дела ги прикажуваат овие потези со примена на алгебарска нотација, гранки на отворањата или теориски таблици. Кога партијата започнува да отстапува од познатите потези од теоријата на отворањето, шахистите се вели дека се „надвор од теоријата“. Во некои линии во отворањето, најдобрите потези за обете страни се анализирани до дваесеттиот, па дури и до дваесет и петтиот потег. Професионалните шахисти, поминуваат години во анализа и проучување на шаховските отворања и оваа работа продолжуваат да ја извршуваат и понатаму, бидејќи шаховската теорија на отворањата и понатаму напредува.

Воведувањето на нова низа на потези, па и само еден нов потег се нарекува „новинка“. Доколку новинката се чува во тајна и се одигра во тунирска партија од големо значење, тогаш станува збор за „подготвувана варијанта“, која може да биде многу силно оружје во конкуренција на врвните шахисти.

Цели на отворањето

Иако постојат различни варијанти и различни начини на кои може да се започне партијата, целите коишто се сакаат да се постигне со отворањето се идентични. Прво и најважно е да се избегне матна закана и загуба на материјал, не само во отворањето, туку и во другите фази од развојот на играта.

Главни стремежи На највисоко ниво, долги години, главните стремежи на играта биле да се обезбеди подобра позиција во отворањето, играјќи со бели фигури и постигнување еднаквост во позицијата (анулирање на предноста на противникот), играјќи со црни фигури. Суптината е во тоа што првиот потег му дава мала предност на белиот. Тоа би значело дека белиот прв би нападнал, доколку и обете страни се отворат симетрично.

Со почеток во 1950-тите, еден друг стремеж станал доминантен во теоријата на отворањето. Како што вели меѓународниот мајстор Џереми Силман, целта на отворањето е да се создаде динамична нерамнотежа меѓу двете страни, што го одредува карактерот на средишницата и стратешките планови, кои ги подготвуваат обете страни. На пример, во Винаверовата варијанта во француска одбрана, белиот настојува да ги искористи ловечката двојка и посторната предност за да организира напад на кралското крило, додека црниот настојува преку потојани размени на фигурите и противнапад на белите ослабени пешаци на даминото крило да дојде до еднаквост во позицијата. Во ова отворање и обете страни прифаќаат различни комбинации на предности и недостатоци во позицијата. Оваа идеја била развиена од страна на советската шаховска школа.

Третиот стремеж, кој е поврзан со претходните два и бил вообичаен во 19. век, се однесува на мамењето на противникот преку играта да се дојде до позиција, која се одликува со игра која помалку му одговара на противникот и во која преку подобриот стил на игра во дадената позиција е можно да се оствари предност, којашто може да биде и доволна за извојување на победа. Ова често било правено преку транспозиции во играта, односно трансформација на едно отворање во друго, кое може да настане и со други низи на потези. See review at

Вообичаени цели на играта во отворањето Независно од различните стремежи на белиот и црниот во отворањето, шахистите обрнуваат внимание на неколку работи, кои треба да сепостигнат во почетната фаза од развојот на партијата: Развој: Една од основните цели во отворањето е да се мобилизираат фигурите на корисни полиња, од каде би можеле да имаат влијание во партијата. Притоа, коњите најчесто се развиваат на полињата f3, c3, f6 и c6 (или понекогаш на e2, d2, e7 или d7), а d- и е-пешаците се поместени, со што и на ловците им е овозможено да бидат развиени во еден потег; како алтернатив, ловците може да бидат фјанкетирани со манверот g3 и Bg2). Брзата мобилизација на фигурите е клучна. Дамата и во помала мера топовите, обично не се позиционираат на централните полиња во фазата на отворањето, додека тоа е вообичаено со лесна фигура. Контрола на центарот: На почетокот од партијата, не е јасно, на кој дел од таблата се потребни фигурите. И покрај тоа, контролата на централните полиња овозможува фигурите да се движат лесно до секој дел од таблата и да може да имаат попречувачки ефект врз противникот. Класичното гледиште укажува на тоа дека најефикасна контрола на центарот се постигнува со поставување на пешаците во центарот (на полињата d4 и e4 за белиот и d5 и e5 за црниот). И покрај тоа, претставниците на хипермодерната школа покажале дека не е секогаш потребно, па дури и пожелно да се обезбеди конрола на центарот и декаоставањето на изолиран пешак во центарот претставува голема слабост. Импресивната слика на пешачката структура во центарот тешко се одржува. Хипермодернистите, наместо ова советуваат да се настојува да се врши положбена контрола на центарот со помош на фигурите, што би значело контрола на впешачкиот центар на противникот, што во подоцниот развој на играта би овозможило стекнување на целосна надмоќ во центарот. Ова води до отворања, како што е Алехиновата одбрана, особено линијата во ова отворање кое настанува со потезите 1. e4 Sf6 2. e5 Sd5 3. d4 d6 4. c4 Sb6 5. f4 (Нападот со четири коњи), каде белиот има опасен пешачки центар, но црниот е во надеж дека ќе го разруши во подоцнежниот тек на партијата, ослабувајќи ја и изложувајќи ја напади позицијата на белиот. Безбедна положба на кралот: На почетокот на партијата, кралот е изложен на својата положба на средината на првиот ред од таблата. Во отворањето мора да се обрне внимание и на неговото значење и да се преземат мерки за подобрување на неговата положба. Поради тоа, вообичаено е и обете страни во текот на партијата (најчесто во отворањето) преку рокада или вештачка рокада да му обезбедат на кралот побезбедна положба во близина на аголот од таблата, притоа овозможувајќи развој на еден од топовите. Оневозможување на пешачки слабости: Многу отворања се насочени кон избегнување на можностите од создавање на слабости во пешачката структура, како што се изолираните, двојните и заостанатите пешаци, пешачките острови и др. Некои отворања ја оневозможуваат можноста за брз напад на противничкиот крал во завршницата. Некои отворања, кои содржат нерамнотежа во позицијата, ја кријат оваа идеја (на пр. Холандската и Сицилијанската одбрана). Други отворања, како АЛехиновата и Бенониевата го повикуваат потивникот, преку агресивна игра да се залаже и создаде пешачки слабости во својата позиција. Сепак, вообичаено е и во одредени позиции, преку жртва на метријал, да се создадт слабости во пешачката структура на противникот и истите поволно да се искористат и да се обезбеди динамична игра, како компензација за жртвуваниот материјал. (Видете: пешачка структура.) Усогласување на фигурите: Со развојот и мобилизацијата на фигурите во отворањето, многу важно е и да се овозможи нивно усогласување во различните делови од таблата. Пред сè, од особено значење е да се позиционирааат фигурите на начин, на кој ќе ги контролираат клучните полиња во даден момент. При организацијата на напад, важно е и да се задржи можноста за создавање на батерии, повеќекратен напад на еден пункт и преструктуирањето на напаѓачките сили без загуба на време. Создавање на позиции, чиишто одлики не соодветствуваат со стилот на игра на противникот: Во современиот шах, со развојот на шаховската теорија, особено значење се оддава и на значењето на психолошките елементи во шахот. Испитувањето на стилот на игра на противникот и анализата на неговите партии, овозможува да се дојде до информација за неговите слабости, кои би можеле да се искористат уште во фазата на отворањето. Овде, пред сè се мисли на карактерот на позицијата, од аспект на тоа дали отворањата се отворени, полуотворени или затворени, дали станува збор за отворања, чиишто карактер овозможува напаѓачки или одбранбени можности, карктерот на позицијата со овие исти параметри за опис и др. Покрај ова, особено значење има и транспозицијата, односно трансформацијата на едно отворање во друго или настанување на едно отворање со низа од потези кои не се вообичаени за постигнување на истата позиција.

Освен овие идеи, други стратегии кои може да се спроведат во средишницата може да претставуваат продолжение на оние од отворањето. Како такви се сметаат подготвувањето на пешачки удар, со цел да се обезбеди контраигра, создавањето на слабости во противничката пешачка структура, засилување на контролата на клучните полиња, настојување да се добие минимална предност, преку размената на лесните фигури (на пр. настојување да се обезбеди ловечка двојка, настојување да се обезбеди ловец наспроти коњ во отворена позиција или коњ наспроти ловец во затворена позиција и др.), стекнување на просторна предност, без оглед дали е во центарот или на крилата и др.

Номенклатура на отворања Големите промени во правилата на играта, кои биле извршени во 15. век ја забрзале динамиката во играта и ја поставиле задачата за значењето на анализата и проучувањето на отворањата. Освен тоа, раните шаховски книги, како што е еден запис од Луис Рамирес де Луцена од 1497, содржеле анализи на отворањата. Од тоа време, постојат и записи со анализа на шаховските отворања и од Педро Дамјано (1512) и Реј Лопес де Сегура (1561). Несогласувањата на Реј Лопес со Дамјано околу предностите на потегот 3.Lb5 по 2...Sc6 (по 1.e4 e5 2.Sf3 Sc6), во негова чест придонеле познатата Шпанска партија во западната литература да продолжи да се вика Реј Лопес.H.J.R. Murray, A History of Chess (Oxford: Clarendon Press, 1913), стр. 782-83, 814-15. Теоријата на шаховските отворања била подетално проучувана, со почеток во 1840-тите, така што многу отворања и варијанти биле измислени во овој период и подоцна. Номенклатурата на отворањата е случајна и многу имиња се историски случајности, кои не се темелат на систематските принципи.

Најстарите шаховски отворања биле именувани по географски места и луѓе. Многу отворања претставуваат придавки, создадени од имиња на нации, како индиско, англиско, шпанскофранцуско, холандско, шкотско руско, италијанско, скандинавско, сицилијанско и др. Имињата на градовите исто така се чести називи за шаховските отворања. Така, постојат отворања именувани по Виена, Берлин и др. Каталонскиот систем е именуван по автономниот регион во Каталонија во Шпанија.

Сепак, најголем број од шаховските отворања се именувани по имиња на шахисти. Обично, отворањата биле именувани по шахистот кој прв го одиграл отворањето, го популаризирал или извршил најдлабоки анализи. Во оваа група може да се вбројат Алехиновата одбрана и Ретиевото отворање. Одбраната Каро-Кан била именувана по двашахиста, Хорацио Каро и Маркус Кан.

Некои отворања биле именувани описно, како отворањата со два, три или четири коња, отворањето со ловец, отворањето со кралев пешак итн. За разлика од отворањата именувани по географски поими или луѓе, бројот на отворањата именувани поисно е значително помал.