мини|десно|Волци во Зоо Скопје. Волкот (Canis lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за семејство. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.

Подигање

Периодот на носење е помеѓу 60 - 63 денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и седум (понекогаш се случува и четиринаесет) младенчиња. Минатогодишните волци им помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Во нормални услови, во есен волчјата глутница се состои од родителски пар, нивните младенчиња од претходната година како и младенчињата од тековната година. Со достигнување на половата зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат во потрага по сопствена територија. Родителите секогаш се доминантни во однос на својот подмладок, според тоа нема борби околу доминацијата.

Исхрана Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се распространети претежно ловат во глутници ирваси, срни или некој вид на елен. Во нивниот улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодачи како и зајаци, куни и кртови. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и мрши како и отпадоци.

Распространетост Волкот е распространет во Северна Америка, Гренланд, Европа и Азија.

Волкот како тема во уметноста и во популарната култура Волкот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Волкот како тема во народното творештво „Глупавиот волк“ - кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 166-169. „Волкот, свињата и чавката“ - кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 170-176. „Лисицата му се одмаздила на волкот“ (српски: Лисица се осветила вуку) — српска народна приказна.Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 141-144.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 251-254. „Лисицата и волкот“ - унгарска народна приказна.Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 86-88. „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 24-26. „Лисицата и волкот“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 33-34.

Волкот како тема во книжевноста „На врвот“ — басна во стихови на Михо Атанасовски.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 49. „Волкот и јагнето“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 9. „Волците и кучињата“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 18. „Волкот и нојот“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 20. „Волкот и бебето“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 24. „Волкот и овчарите“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 27. „Волкот и жеравот“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 90. „Сточарот и волкот“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 93. „Волчица“ - расказ на италијанскиот писател Џовани Верга.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 231-235. „Сто волци“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 41-43. „Волкот и лисицата“ – сказна на браќата Грим. „Волкот и човекот“ – сказна на браќата Грим. „Последната желба“ — басна на Ристо Давчевски.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 42. „Волчицата и волчињата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 62. „Волкот, бабата и детето“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 76. „Лавот, волкот и лисицата“ - басна на зоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 90. „Волкот и овцата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 75. „Волкот и коњот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 81. „Волкот и ждралот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 83. „Волкот и козата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 80-81. „Волкот и лавот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 67. „Волкот и јагнето“ - басна на Езоп. „Волкот и девојката“ — краток расказ на македонскиот писател Бардил Заими.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 193. „Друштво на волци“ - расказ на англиската писателка Анџела Картер.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 19-31.. „Волк“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 59. „Волкот и мачорот“ — басна на Иван Андреевич Крилов.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 25-26. „Кучето и волкот“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 30-31. „Кучето и волкот“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 31-32. „Волчја авантура“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 32-33. „Песната на волците“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 68. „Волчја сенка“ (српски: Вучја сенка) - песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 170. „Волчја сол“ (српски: Вучја со) - поетска збирка на српскиот поет Васко Попа од 1968 година.Aleksandar Petrov, „Vasko Popa“, во: Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 198. „Поклонение на Куциот Волк“ (српски: Поклоњење Хромом Вуку) - циклус песни на српскиот поет Васко Попа од збирката „Волчја сол“ (Вучја со) од 1975 година.Aleksandar Petrov, „Vasko Popa“, во: Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 195-199. „Студови“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 104. „Волкот“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 41. „Волкот и седумте јариња“ – сказна на браќата Грим.Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.Браќа Грим, Сказни, Наша книга, Скопје, 1972, стр. 14-17. „Вечно гладен“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 55. „Нешто за сонцето и стапиците за волци“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 175-184.

Волкот како тема во музиката „Страшниот волк“ (англиски: Dire Wolf) - песна на американската рок-група Грејтфул дед (Grateful Dead) од 1970 година.YouTube, Dire Wolf (пристапено на 30.5.2019) „Брате волк, сестро месечино“ (англиски: Brother Wolf; Sister Moon) - песна од истоимениот албум на британската рок-група Калт (The Cult) од 1985 година.Discogs, The Cult ‎– Love (пристапено на 13.5.2020) „Како ќе преживее ли волкот?“ (англиски: How Will the Wolf Survive? ) - музички албум на американската рок-група Лос лобос (Los Lobos) од 1984 година. „Ќе преживее ли волкот?“ (англиски: Will the Wolf Survive? ) - песна на американската рок-група Лос лобос од 1984 година.YouTube, Los Lobos - Will the Wolf Survive? (пристапено на 30.5.2019) „Волкот што живее во Линдзи“ (англиски: The Wolf That Lives In Lindsey) - песна на американската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1979 година.Discogs, Joni Mitchell ‎– Mingus (пристапено на 31.1.2021) „Волк“ (англиски: The Wolf) — песна на британската рок-група Моторхед (Motö̲rhead) од 1987 година.YouTube, Mot̲ö̲r̲h̲e̲ad – R̲o̲ck 'N̲'̲ ̲R̲oll (Full Album) 1987 (посетено на 26.3.2023) „Волците умираат сами“ (хрватски: Vukovi umiru sami) - песна на хрватскиот поп-пејач Борис Новковиќ од 2005 година.YouTube, Boris Novković - Vukovi Umiru Sami (Official Video) (пристапено на 22.10.2019) „И волците излегуваат“ (англиски: ...And Out Come The Wolves) - албум на американската панк-група Ренсид (Rancid) од 1995 година.YouTube, Rancid - ...And Out Come The Wolves (Full Album) (пристапено на 22.8.2017) „Гладен волк“ (англиски: The Hungry Wolf) — песна на американската рок-група X од 1982 година.X (5) – Under The Big Black Sun (пристапено на 16.12.2023)

Волкот како тема во филмот „Танц со волците“ - (англиски: Dances with wolves) - американски вестерн филм од 1990, режиран од Кевин Костнер. „Часот на волкот“ (шведски: Vargtimmen) - шведски филм од 1968 година, во режија на Ингмар Бергман.IMBd, Hour of the Wolf (1968) (пристапено на 8.5.2017)

Наводи

Категорија:Ѕверови Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје