Раанана () (букв. „Свежина“) е град во јужен Шарон во централниот дистрикт на Израел. Соседни градови на Раанана се Кфар Саба на исток и Херзлија западно. Во 2007-ма, населението изнесувало 73,100.

Историја thumb|right|250px|Градска куќа на Раанана Раанана е основана 1921-ва год. од здружението Ахуза Алеф од Њујорк, едно од неколкуте организации формирани во САД што купиле земја во Палестина и основале еврејски земјоделски плантажи.Encyclopedia of Zionism and Israel, ed. Raphael Patai, Herzl Press/McGraw-Hill, New York, 1971, "Ahuza", vol. 1, p. 17

На 22 април 1992-ра, првата група пионери од САД и Канада, броејќи 4-ри членови од организацијата Ахуза, три лаборанти и двајца вооружени стражари, тргнале со возило од Тел Авив и подигнале шатор на земјата каде што е денес Раанана. Во првите денови месноста била нарекувана "Раанаја." Арапските комшии ја викале "Америкаја" поради тоа што населението зборувало англиски.

Демографија Раанана има голем број ла луѓе што зборуваат англиски. Бројот на Француски имигранти е во пораст.http://fr.jpost.com/servlet/Satellite?apage=1&cid=1154526025254&pagename=JPost/JPArticle/ShowFull

Индустрија и трговија thumb|200px|Рананим Трговски Центар во Раанана Раанана има индустриска зона северно од градот и многу компании имаат седиште таму, помеѓу нив се Emblaze, Hewlett-Packard, SAP, Texas Instruments, Amdocs и NICE Systems. Седиштето на Microsoft' во Израел се наоѓа во Раанана. Ahuza Street, Ra'anana's main boulevard which runs through the city from east to west, is lined with shops, restaurants and

Образование right|thumb|200px|Средно Училиште Авиви, основано 2000-та Градот има 12 училишта до 4-то одделение, 10 основни 8 средни училишта. Образованието во Раанана е едно од најнапреднатите во Израел.

Парк Паркот на Раанана е најголемиот урбан парк во областа Шарон. right|thumb|220px|Поглед од езерото кон паркот Паркот е изграден за задоволство нажителите и посетителите на градот. Општината вложила многу пари за изградбата на паркот, и сè уште вложува во неговото издржување и развој. Администрацијата на паркот и вработените се грижат за неговата чистота и сигурност какоо и за посетителите. паркот има прекрасно езеро во формата на грбот на Раанана. Има две фонтани и патека за прошетка со мост. Езерото е опкружено со градини и патеки за пешачење.

Религија Иако поголемиот број жители на градот се секуларни, сепак има значајно религиозно мнозинство, во главно се состои од православни евреи, повеќето од нив се западни имигранти. Во градот има неколку синагоѓи.

Спорт Позначаен фудбалски клуб во градот е ФК Хапоел Раана.

Градоначалници Барух Островски (1931-1959) Михаел пасвејг Јицак Сколник Бенјамин Волфовиќ Зеев Бјелски (1989-2005) Наум Хофри (2005 - сегашност)

Збратимени градови - Опстерланд (Холандија), од 1963-та (Прв збратимен град со Раана, централна улица во градот го носи името "Opsterland" (Опстерланд).) - Брамше (Германија), од 1978 - Булоња-Биланкурт (Франција), од 1994 - Верона (Италија), од 1998 - Тајнан (Тајван), од 1999 - Атланта (САД), од 2001 - Гослар (Германија), од 2006

Наводи

Надворешни препратки

Официјална страница на општината Северна Раанана Еколошка организација

Категорија:Градови во Израел Категорија:Населени места основани во 1922 година