Кувијеов џуџест кајман (()), познат и под името џуџест кајман, е крокодиловиден влекач од северниот дел на Јужна Америка. Го среќаваме во Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Француска Гвајана, Гвајана, Парагвај, Перу, Суринам и Венецуела. Најчесто живеат во брзи потоци и реки.
Ова е најмалиот вид на крокодиловидно животно<http://www.flmnh.ufl.edu/cnhc/csp_ppal.htm>, и достигнува должина од 1,5 метри. Младите џуџести кајмани се хранат со безрбетници, додека ворасните јадат безрбетници и риби. Преку денот се кријат во дупки и дувла. Јајцата ги положуваат во гнезда, најчесто помеѓу 10 и 25 јајца. Инкубацијата на јајцата трае околу 3 месеци.
Наводи
Галерија
Категорија:Крокодиловидни