Спортска сала Билјанини Извори — една од најголемите мултифункционални спортски сали во Македонија. Салата била отворена во август 1998 година со ракометниот турнир Трофеј Македонија, а има сместивост од 3,000 гледачи. Салата била домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008.http://www.ehf-euro.com/Women-s-EURO-2008.915.0.html| Европско првенство во ракомет за жени 2008

Поважни настани одржани во салата Трофеј на Македонија во ракомет жени август 1998 година Европско првенство во кошарка младинци јули-август 2000 г. Квалификациони натпревари на машка и женска репрезентација во кошарка Квалификации за ЕП ракомет јуниори Балканско полициско првенство Куп на Македонија во кошарка 2001 Куп на Македонија во кошарка 2002 Балкански младински олимписки денови 2002 година Професионални бокс мечеви Европско првенство во ракомет за жени 2008 Куп на Македонија во кошарка 2009 Куп на Македонија во кошарка 2014 Куп на Македонија во ракомет 2014 Кошаркарски меѓународен турнир 2014 (Подготовки за квалификации за Евробаскет 2015) Кошаркарски меѓународен турнир 2015 (Подготовки за Евробаскет 2015) Суперкуп на Македонија во кошарка 2015

Спортски комплекс “Билјанини извори“ Салата е дел од спортскиот комплекс Билјанини извори во чиј состав се наоѓаат и стадионот Билјанини извори, атлетска патека и помошни игралишта за фудбал. Овој комплекс се користи како тренинг камп на Македонската фудбалска репрезентација. Исто така овој терен го користат и спортски клубови од Македонија и соседните држави за подготовки и тренинзи.http://www.biljaniniizvori.mk/| ЈП Билјанини извори

Извори

Категорија:Кошаркарски собиралишта во Македонија Билјанини Извори Категорија:Спортски зданија во Охрид Категорија:Македонската архитектура во 1998 година