Мексиканското гризли (Ursus arctos nelsoni) е изумрен подвид на кафеавата мечка. Триномното име е дадено по американскиот природонаучник Едвард Вилијам Нелсон, кој застрелал ваква мечка во областа Чивава во 1899.
Особености Мексиканското гризли било едно од најголемите и најтешките цицачи во Мексико. Достигнува должина од 183 сантиметри и просечна тежина од 318 килограми. Поради сребрената боја на неговото крзно, нарекуван е и „el oso plateado“ (сребрена мечка)David Day: The Doomsday Book of Animals. Ebury Press, London.
Се храни најчесто со растенија, плодови и инсекти. Понекогаш се храни и со мали цицачи или мрша.
Раѓаат едно до 3 младенчиња секои 3 години.
Живеалиште Ова животно живееле во северните територии на Мексико, во боровите шуми. Се среќавалe од Аризона до Ново Мексико, до 1920-тите. Како нивно последно живеалиште се смета областа Чивава.
Причини за исчезнување Првите Европејци кои стапиле во контакт со мексиканското гризли биле конквистадорите кои во 16. век, на чело со Франциско Васкес де Коронадо тргнале на експедиција да ги најдата Седумте златни града. Тие тргнале од Град Мексико на север преку Ново Мексико со денешните држави Тексас и Канзас.
Бидејќи овие мечки понекогаш се хранеле со добиток, од фармерите биле сметани како штетници. Ова резултирало со зголемен лов и труење на овие мечки, кои веќе за време на 1930-тите станале загрозен вид. Еднствените преостанати популации живеле на неколку планини на територијата на Чивава. До 1960 останале само 30 единки. И покрај статусот на загрозен и заштитен вид, нивниот лов продложил. До 1964 година, Мексиканското гризли било истребено.
Наводи
Категорија:Изумрени видови Категорија:Цицачи Категорија:Мечки