thumb|right|250px|Шопската салата е една од најомилените македонски салати
Шопска салата — едно од македонските традиционални предјадења, а освен тоа карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење што жителите го користеле во најразлични јадења. Наречена е по народноста Шопи и потекнува од босилеградскиот регион.Dnevni list Danas | Periskop | Orata, kopata, daj mi čiča momata
Состојки
Во прилог се прикажани основните состојки за една голема чинија од оваа салата. Количината на салатата се менува во зависност од потребите.
500 г домати 3 главици кромид 1 зелена лута пиперка 200 грама овчо сирење 2 краставици масло сол Начин на приготвување
Доматите и излупените краставици исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата лута пиперка и нарендајте го сирењето.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонска кујна Категорија:Салати