Кралски грб на Обединетото Кралство () — државен грб на британскиот монарх, моментално кралот Чарлс III. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (наречено Scotland Office).

Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.

Челенката е лав кој ја носи царска круна, која самата е друг приказ на таа круна.

Левиот штитодржач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот штитодржач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец, како што се двата еднорози-штитодржачи на кралскиот грб на Шкотска.

На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што лошо мисли“) на приказ на подвеската зад штитот.

Шкотска

Кралот има посебна верзија на грбот за Шкотска, каде шкотските елементи имаат почесно место.

Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина е прикажан лавот на Шкотска; во вториот, трите лава на Англија, додека во третиот се неоѓа харфата на Ирска.

Челенката без круната на Шкотска е црвен лав кој седи и гледа напред, а самиот ја носи шкотската круна и ги држи другите два елемента на шкотските обележја, имено Државниот мел и Жезолот на Шкотска. Вака изгледала и челенката на грбот на Кралството Шкотска. Според традицијата на шкотската хералдика, мотото стои над челенката и е напишано на шкотски во скратена форма на полното мото: In My Defens God Me Defend.

Штитодржачите стојат на спротивни страни и двата ги носат круните на нивните кралства. Левиот штитодржач е крунисан и опкован со ланци енорог, кој ја симболизира Шкотска. Десниот штитодржач е крунисан лав, која ја симболизира Англија. Помеѓу секој штитодржач и штитот стои копје (ланцета) на кое е истакнато знамето на секое кралство.

На грбот стои и мотото Nemo me impune lacessit („Никој не ме повредува неказнет“) како и, околу штитот, the околувратникот на Орденот на Црниот Трн.

Други земји во Обединетото Кралство

Официјалната ирска кралска челенка речиси никогаш не се појавува на грбот на Обединетото Кралство, бидејќи, за разлика од Унитарниот Акт од 1700 г. со Шкотска, Унитарниот Акт од 1800 г. со ирска не предвидува посебна ирска верзија на кралскиот грб.

Меѓутоа четвртината со харфа е симбол на Ирска на обете варијанти на грбот. Поради ова, во шкотската верзија останува само една англиски четвртина, а во англиската останува само една шкотска четвртина. Така, Англија, Шкотска и Ирска се претставени на сите верзии на кралскиот грб од времето кога сите тие потпаднале под еден владетел.

За разлика од ова, на кралскиот грб го нема Велс, бидејќи со Унитарниот Акт од 1707 г. Велс се сметал за составен дел на Англија согласно т.н. Акт за Велшките закони 1535-1542, и така може да се каже дека Велс веќе е претставен на англискиот грб. Велс бил кралство под власта на велшките кралеви, од кои некои го обединиле под една круна, но со англиските освојувања Велс престанал да постои како правен ентитет. Оттогаш, наследник на монархот е Принцот од Велс.

Со доаѓањето на власт на Тјудорските кралеви и кралици, кои самите биле од велшко потекло, велшкиот змеј почнал да се употребува како штитодржач за кралскиот грб. Нивните наследници ова го отстраниле, па шкотската династија Стјуарти го замениле тјудорскиот змеј со шкотски еднорог како штитодржач.

Во XX век, грбот на кнежевството Велс бил додаден како подштит (мал штит) кон грбот на Принцот од Велс. Како негова лична стандард, во Велс се вее знаме со тој грб, со зелен подштит со неговата круна. Таканреченото Перје на Принцот од Велс е хералдичка значка, а не грб на штит, но во секој случај ова не е велшки симбол. Перјето води потекло од англиските принцови на Велс (кои пак ова му го должат на подвиготна Едвард, Црниот Принц во Битката кај Креси) и носи германско мото. Во секој случај, перјето не е дел од кралскиот грб, а Принцот од Велс од него се откажува кога ќе стане крал.

Употреба thumb|left|200px|Кралскиот грб на порта на Бакингемската палата, Лондон

Кралскиот грб како што е прикажан погоре може да го користи само самиот крал. Тој исто така може да се најде и во судниците, since бидејќи во Обединетото Кралство монархот е извор на право и судот е дел од дворот на владетелот (затоа на англиски court значи и „двор“ и „суд“). Судиите официјално се претставници на Круната, и затоа зад судијата на ѕидот стои кралскиот грб.

Британската влада исто така го употребува кралскиот грб како национален симбол на Обединетото Кралство, и, во тоа својство, грбот може да се види на разни владини документи и формулари, пасоши, на амбасади и конзулати итн. Меѓутоа, кога е во употреба на владата, а не на самиот владетел, тогаш грбот е прикажан без шлем. Ова е случај и со шкотскиот грб, верзија во употреба на Министерството за Шкотска.

Кралскиот грб редовно се појавувал на монети Кралската ковачница меѓу кои, на пример, од 1663, Гвинејата и, од 1983 наваму, монетата од £1. Во 2008, Кралската ковачница има издадено серија нови дизајни за сите седум монети од £1 и надолу, од кои секоја го содржи кралскиот грб. Целосниот кралски грб стои на монетата од една фунта, на другите помали монети стојат негови делови, така што би можеле заедно да се состават како сложувалка и повторно да го сочинат целиот грб.Нови британски монети

Кралиот доделува Кралски повластици на разни фирми кои го снабдуваат кралското семејство. Со ова фирмите можат да го истакнуваат кралскиот грб на нивните продавници, производи и репроматеријали.

Кралскиот стандард е знаме со мотиви од грбот, кое се вее кога кралиот престојува во дворецот, како и на јавни згради само кога е присутна кралиот. Во кралските резиденции како во замокот Виндзор или Бакингемската палата, главната резиденција на кралиот, кралскиот стандард се вее со цел да се покаже дека кралиот престојува таму. Овој протокол подеднакво важи и за резиденциите на кралиот во Шкотска, (Холирудската палта и замокот Балморал), каде се вее кралиот стандард за Шкотска. Кога монархот не престојува, се вее државното знаме, а пак во Шкотска се вее древниот кралски стандард на Шкотска.

Кралскиот грб се користи и како симбол на судовите на Британска Колумбија, Канада.Судови на Канада

Историја

Денешниот кралски грб е комбинација од грбовите на кралствата кои го сочинуват Обединетото Кралство, и можат да се проследат сѐ до првиот грб на кралевите на Англија и кралевите на Шкотите. Низ годините се јавуваат разни промени, особено со придодавање на грбовите на други освоени или барани територии. Оваа таблица ги проследува промените во кралскиот грб од првите грбови на кралот на Англија, Хенри II и кралот на Шкотите, Вилијам I.

Кралство АнглијаКралство ШкотскаГрбУпотребуванПодробности 100px1154 - 1189Првиот познат кралски грб на Англија, со златен лав на црвено поле, за првпат користен од кралот Хенри II. 100px1189 - 1198Првиот грб на Ричард I „Лавовско Срце“, два златни лава на црвено поле. 100px1198 - 1340Породцнежниот грб на Ричард I „Лавовско Срце“, со три златни леопарди или лавови на црвено поле. 100px1340 - 1367Едвард III го маршалувал кралскиот грб на Англија со древниот грб на Франција, кринот на сино поле, за да го прикаже неговото барано право на францускиот престол. 100px1367 - 1399Ричард II го додал древниот печат на кралот Едвард Исповедникот. 100px1399 - 1422Хенри IV го обновил францускиот грб кон денешната верзија, три крина на сино поле. 100px1422 - 1461Хенри VI го здружил францускиот и англискиот грб. 100px1461 - 1470Едвард IV го вратил грбот на Хенри IV. 100px1470 - 1471Хенри VI го вратил здружениот француско-англиски грб со неговото враќање на престолот. 100px1471 - 1554Едвард IV го вратил својот грб кога повторно го зазел престолот. 100px1554 - 1558Мери I го здружила нејзиниот грб со оној на нејзинот сопруг, кралот на Шпанија Филип II. Иако таткото на кралицата Мери, Хенри VIII, ја зел титулата „Крал на Ирска“ и таа потоа прешла на кралот Филип, самиот грб не бил сменет за да го прикаже Кралството Ирска. 100px1558 - 1603Елизабета I го вратила грбот на Хенри IV.ГрбУпотребуванПодробности 100pxXII век - 1558Црвен лав на жолто поле со двојна кралска ризница, со наизменични кринови, за првпат употребен од Вилијам I, а подоцна од неговите наследници, па така станал хералдички симбол на Шкотска.100px1558 - 1559 Мери I, Кралица на Шкотите го здружила со грбот на Франсоа, Дофен на Франција, Сопружен крал на Шкотите.Франко-шкотските монети на Мери Стјуарт и Франсоа II .100px1559 - 1560 Мери I, Кралица на Шкотите и сопружна кралица на Франција.100px1560 - 1565 Мери I, Кралица на Шкотите и Кралска вдовица на Франција. 100px1565 - 1603Со нејзиниот (втор) брак со Хенри Стјуарт, Лорд Дарнли во 1565, Мери го укинува франко-шкотскиот грб и го враќа грбот на Кралството ШкотскаШкотски монети ~ Мери (1542 - 1567) . Кралот Џејмс VI е последниот шкотски монарх кој го користел овој грб пред Унијата на Круните во 1603 г. Унијата на Круните ги става Англија, Ирска и Шкотска под власта на еден владетелГрбУпотребуванПодробности 200px1603 - 1649Џејмс VI, Крал на Шкотите го наследува англискиот и ирскиот престол во 1603, (Унија на Круните), и го маршалува кралскиот грб на Англија со кралскиот грб на Шкотска. За првпат, кралскиот грб на Ирска станува дел од грбот за да го претставува Кралството Ирска. (Шкотската верзија се разликува со тоа што шкотските елементи се најистакнати). 200px1649 - 1660Англиски Интеррегнум