Стопански раст (или економски раст) — зголемувањето на општиот обем на производство на стоките и услугите во економијата. Обично, економскиот раст се пресметува и изразува на два начина: како процентуално зголемување на реалниот бруто-домашен производ (БДП) на земјата во однос на претходниот временски период или како стапка на пораст на реалниот БДП по глава на жител (per capita).Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 138.
Стопанскиот раст наспроти стопанскиот развој Во економската литература, поимите стопански развој и стопански раст понекогаш се користат како синоними, имајќи предвид дека двата израза означуваат позитивни промени во стопанството. Тоа особено се однесува за квалитативните анализи каде што не се бара поголема точност, туку само се изведуваат општи заклучоци. Од друга страна, во квантитативните економски анализи се прави разлика меѓу стопанскиот раст и стопанскиот развој при што стопанскиот раст се употребува да се означи квантитативниот раст на стопанството (растот на БДП), додека стопанскиот развој се користи како поширок поим кој ги означува вкупните промени во стопанството, т.е. структурните, технолошките и институционалните промени. Оттука, стопанскиот развој е предуслов за стопанскиот раст, но исто така, тој е и резултат на стопанскиот раст. Имено, од една страна, стопанскиот раст не може да се оствари без претходни промени во структурата на стопанството и без технолошките и институционалните промени, но до друга страна, стопанскиот раст создава услови и потреби за нови промени во стопанството.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 138-139.
Фактори на стопанскиот раст Основи фактори од кои зависи стопанскиот раст се:Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 141. трудот и човечкиот капитал физичкиот капитал земјата (природните ресурси) техничкиот прогрес
Покрај нив, стопанскиот раст зависи и од повеќе други фактори, како:Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 141. макроекономската стабилност распределбата на доходот финансиското посредување отвореноста на стопанството кон странство структурните промени политичките и општествените услови информациите и информациските технологии
Основен извор на трудот е населението, односно работната сила (човечките ресурси) — способностите, стручноста и знаењата на луѓето кои се или можат да бидат вклучени во производството. Значењето на човечките ресурси во стопанскиот раст може да се набљудува двострано: од страната на понудата и од страната на побарувачката. Од страната на понудата, човечките ресурси можат да се набљудуваат како прост труд (квантитативно) и како човечки капитал (квалитативно). Од аспект на побарувачката, населението се јавува како носител на потрошувачката која, пак, го определува производството. Покрај големината на населението, за стопанскиот раст е важна и структурата на населението, и тоа: според полот и староста, според економската активност, дејноста, занимањата, образованието итн. Исто така, важни се и природното и механичкото движење на населението, односно наталитетот, морталитетот, природниот прираст, миграциите итн.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 141-143.
Физичкиот капитал го сочинуваат: фабриките и нивната опрема (машините), физичката инфраструктура (патишта, телекомуникации, електрична енергија, водоснабдување) итн. Како капитални добра можат да се сметаат и инвестициите во истражување и развој кои ја зголемуваат продуктивноста на трудот и на капиталот, како и општествените издатоци за образование, здравствена заштита итн. Врската меѓу физичкиот капитал и производството се изразува преку просечниот и маргиналниот капитален коефициент кои го претставуваат односот меѓу капиталот и обемот на производството, искажан во физички единици или во пари. Овие капитални коефициенти покажуваат колку физички капитал е потребен за да се произведе единица производ. Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 143-145.
Во стопанскиот раст, под поимот „земја“ се мисли на сите природни ресурси: земјоделското земјиште, шумите, пасиштата, минералните богатства, реките, езерата и морињата, климата итн. Количеството и квалитетот на природните ресурси се важни фактори кои влијаат врз стопанскиот раст. При анализата на природните ресурси како фактори на растот се земаат предвид разни видови трошоци, како што се: трошоците за експлоатација, трошоците за превоз, трошоците за замена на еден со друг природен ресурс. Во економската теорија, при анализа на стопанскиот раст, природните ресурси најчесто не се земаат предвид или пак се вклучуваат во физичкиот капитал, поради две причини: 1) природните ресурси се фискни, 2) без физичкиот капитал, тие се речиси безвредни како фактор на стопанскиот раст. Постојат и негативни ставови во поглед на важноста на природните ресурси за стопанскиот раст кои истакнуваат дека во земјите кои растот го засноваат врз природните ресурси, еден дел од работната сила заглавува во трудоинтензивните дејности во кои се потребни ниски знаења и вештини, а тоа не обезбедува стопански раст на долг рок.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 148-149.
Техничкиот прогрес ги означува ефектите од промената на технологијата врз стопанскиот раст. Тој е резултат на четири компненти: истражување, инвенција, развој и иновација при што првите две компоненти создаваат знаење, а другите претставуваат негова примена во економијата. Во зависност од карактерот, техничкиот напредок може да биде трудо-штедлив, капитало-штедлив и неутрален. Неутрален технички прогрес значи сосотјба во која се постигнува поголемо ниво на производство со истото количество и со истата комбинација на трудот и капиталот. Техничкиот прогрес е трудо-штедлив ако поголемото прозиводство се оствари со исто количество труд, додека капитало-штедлив е техничкиот прогрес што овозможува поголемо производство со исто количество капитал. Понатаму, се разликува технички прогрес кој го облагородува (проширува) трудот и технички прогрес кој го облагородува (проширува) капиталот. Првиот е техничкиот прогрес кој го зголемува квалитетот на трудот (човековиот капитал), а вториот е оној кој овозможува попродуктивно користење на капиталните добра. Според Харод, поделбата на техничкиот прогрес на трудо-штедлив и капитало-штедлив се прави според капиталниот коефициент: за дадено ниво на профит, техничкиот прогрес е капитало-штедлив ако го намалува капиталниот коефициент; трудо-штедлив ако го зголемува капиталниот коефициент; и неутрален ако не го менува капиталниот коефициент. Оттука, според Харод, техничкиот прогрес може да предизвика промени во комбинацијата на производните фактори или пак супституција на капиталот со труд. Од друга страна, поделбата на техничкиот прогрес според Хикс е заснована врз маргиналната стапка на супституција на производните фактори, а тоа е стапката по која еден производен фактор се заменува со друг при што нивото на производството останува исто. Оттука, при константен однос меѓу трудот и капиталот, техничкиот прогрес е капитало-штедлив ако го зголемува маргиналниот производ на трудот во поголема пропорција од порастот на маргиналниот производ на капиталот; тој е трудо-штедлив ако го зголемува маргиналниот производ на капиталот во поголема пропорција од маргиналниот производ на трудот; најпосле, техничкиот прогрес е неутрален ако не ја менува маргиналната стапка на супституција на производните фактори.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 149-151.
Во однос на другите фактори на стопанскиот раст, макроекономската стабилност претставува само предуслов, но не и гаранција за стопански раст. Тоа во прв ред се однесува на одржувањето ниска стапка на инфлација со што се овозможува непречено функционирање на системот на цените кои ги даваат основните информации за оптимална алокација на ресурсите. Понатаму, макроекономската стабилност влијае врз каматните стапки, кои имаат големо влијание врз инвестициите. Во продолжение, макроекономската стабилност ги опфаќа и реалните девизни курсеви и фискалната стабилност.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 153-154.
Во економската литература се среќаваат различни погледи за врската меѓу нееднаквоста во распределбата на доходот и стопанскиот раст. Од една страна, нееднаквоста на доходот влијае врз потрошувачката на луѓето и врзнивните можности да инвестираат во човечки капитал. Од друга страна, нееднаквоста претставува стимул за повеќе работа, зашто ако сите луѓе остваруваат еднаков доход, тогаш никој не би бил стимулиран да работи повеќе или да биде попродуктивен. Освен тоа, поголемата нееднаквост на доходот е поврзана со поголемо штедење, зашто луѓето со понизок доход штедат помалку.Оттука, економската наука смета дека постои компромис (размена) меѓу еднаквоста во распределбата на доходот и економската ефикасност, т.е. со намалувањето на нееднаквоста во распределбата на доходот истовремено се намалува економската ефикасност. Инаку, врската меѓу нееднаквоста и стопанскиот раст се изразува со помош на Кузнецовата крива која покажува дека на почетокот, стопанскиот раст ја зголемува нееднаквоста, потоа нееднаквоста се стабилизира и најпосле повисокиот раст предизвикува намалување на нееднаквоста. Сепак, треба да се има предвид дека Кузнецовата крива се однесува на влијанието на стопанскиот раст врз нееднаквоста, а не обратно.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 155-157.
Развиениот финансиски систем го поттикнува стопанскиот раст така што ги мобилизира заштедите потребни за финансирање на инвестициите и така што овозможува ефикасна алокација на ресурсите. Повисокиот степен на отвореност на екномијата влијае поволно врз растот така што овозможува трансфер на технологијата, поттикнување на иновациите, зголемување на способноста за имитирање на странското производство, трансфер на менаџерски и работни вештини итн. Во продолжение, структурата на економијата, односно учеството на одделните сектори (земјоделството, индустријата и услугите) , исто така, влијае врз темпото на стопанскиот раст. Политичкиот систем на земјата, политичката стабилност, степенот на економската слобода, корупцијата, војните итн. имаат големо влијание врз стопанскиот раст. Во поново време се истакнува улогата на развојот на информациониет технологии кои ја зголемуваат продуктивноста и така го поттикнуваат растот на економијата, иако сè уште не постојат цврсти докази за значењето на овој фактор.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 158-165.
Улогата на финансискиот систем во стопанскиот раст